Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Veles panoramapo prva svetskavojna

19.01.2021

 

Интересни информации нудат сочуваните податоци што се наоѓаат во Архивот на Македонија или Подрачните единици низ градовите во државата. За нив особено се заинтересирани истражувачите. Еден од нив е и Проф др. Ѓорги Малковски, кој истражувајќи дојде до овие информации што особено ќе бидат интересни за помладите сограѓани. Тие можат да проверат каде, во кој дел на Велес живееле нивните предци, дали го промениле местото на својот дом, можеби се исселиле од градот и сега живеат во други градови во државата или во странство.

Улица „Цар Самоил“: Алчеви, Димкови, Василеви – Панчеви, Ончеви, Бојаџиеви, Градчанови, Трајкови, Нешево, Грозданови-Здравеви, Кимови – Настови, Камењарови, Бабунски, Самарџиеви, Алчеви, Дуракови, Димови – Иванови, Теови – Димови, Чуреви, Игнови, Трајкови, Георгиеви, Лазарови, Дуракови, Тавраткови, Василеви, Дучкови, Алчеви, Минови, Демниеви, Урумови, Бондиќови, Бусилкови, Босилкови, Пондилиеви, Божинови, Манаскови, Чардакови – Георгиеви, Гајдови, Петрови – Коцеви, Дебарлиеви, Мирсинови, Апцеви, Топузлиеви, Георгиеви – Павлови, Петрови, Бабунски, Настови, Трајкови – Дамјанови, Милеви – Стојанови, Урумови, Миленкови, Иванови, Настеви – Ѓошеви, Гајдови, Димеви – Камеви, Петрови – Иванови, Гогови, Коларови, Црвенови, Јосмови, Бабунови, Матеви, Георгиеви, Ангелови, Шојлеви, Трајкови, Купенково, Алиеви, Димови, Виларови, Вчкови, Илиеви, Виларови, Трајкови, Јорданови, Димови, Јанкови-Маневи, Андови, Цветкови, Арсови, Кузманови, Шопови, Ивчеви, Ковачеви, Трајкови – Стојанови, Димитрови (Зора, р.1886 г. живеела сама), Давчеви, Миневи – Коцеви, Василкови, Ѓоргиевски, Чореви, Пренџови, Јаневи, Нојкови, Андови – Гичови, Аницеви, Војницалиеви, Климкарови, Лазарови, Чундеви, Павлови – Мишеви, Петрови, Пачукови, Пупулиеви, Груеви (Марија р. 1868 г. живеела сама), Бочварови, Коцеви, Здравкови, Панови, Темелкови, Племови, Илиеви – Митреви, Јовчеви, Зафирови, Арсови-Иванови, Бачеви и Црвенови.

Улица „Цар Крум“:, Јанкови, Перкови, Драскачеви, Здравеви, Георгикова, Ангелова, Маркови, Димитриеви, Трајкови, Ракови, Чокаеви, Димови, Зафирови, Андови – Јанкови, Андови, Јорданови, Андови, Арсови, Сарагинови – Саздови, Керамидчиеви,Сандеви – Доневи, Јаневи, Крстеви, Лазарови, Христови, Ќучукови, Ангелови – Христови, Ангелови, Георгиеви, Андови, Ѓоргиеви, Иванови, Георгиеви – Трајкови, Ветрушкови, Стефанови, Јаневи, Костов, Костови, Зафирови, Кузеви, Наунови, Томови, Георгиев, Брлеви, Караманови, Мартинов, Чолакови, Митреви, Дограмаџиеви, Ѓоргови, Ќускиеви, Славкови, Иванови, Мачавелови, Нешови, Дукови, Георгиеви, Божинови, Јорданови, Димови, Чупчеви, Темелкови, Димови, Давчеви, Јорданови, Коешеви, Белештевци, Мецанови, Белештевци, Лаличови, Виничанови, Стефанови, Андови-Иванова, Питиќови, Здравев, Американецот, Јаневи, Дуракови, Георгиеви, Атанасови, Бошкова, Коцеви, Цекови, Петкови, Перјаникови, Атанасови, Џеваизови, Маневи, Јаричкови, Димови, Бендерови, Леови, Трајкови-Петрови, Петкови, Ангелови, Здравеви, Јованови, Димови, Леови, Миленкови и Наунови.

Улица „Глигор Прличев“:Минови, Трајкови, Ивчеви, Трајкови (Васил р.1879 г. живеел сам), Климкарови, Ѓорѓиеви,Коцеви – Николови, Ќумбеви, Џемаилови и Шуркови.

Улица „Браќа Поп Јорданови“: Мокрови, Здравеви, Спасеви, Чадловски, Панзови, Демниеви, Ицкови – Давчеви, Несторови, Славкови, Христови, Солеви-Зафирови, Левкови, Оровчанови, Панови, Вишинови, Тодорови – Георгиеви, Мачкарови, Сазданови, Андови, Наумови, Кошинови, Шојлеви, Димови – Андрееви, Јорданови, Паневи, Даневи, Богданови, Маневи, Зафирови, Николови – Иванови, Кимови – Трајковои, Петрови (на Коца р. 1873 г.), Петрови (на Родна р.1907 г.), Лазови, Делови, Цветкови (Диме р.1860 г. и Коца Арсова, р.1871 г.), Арсови (на Димитар р.1908 г.), Цецеви, Ѓорѓиеви, Димови – Андрееви, Оризарови – Стојанови, Ќумбеви (на Бонеко р.1890 г.), Ќумбеви (на Олга р.1893 г.), Ицкови – Давчеви, Георгиеви – Трајкови, Николови, Костови, Таневи, Челбови (на Христо р. 1882 г.) и Челбови (на Димко р. 1887 г.).

Проф. д – р Ѓорѓи Малковски, редовен професор во Институтот за национална историја и проучувач на македонската историја од 1912/ 13 до 1991 година

(ПРОДОЛЖУВА)

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

SInalco PES 2021 web Baner 300x250 Duma

Х Фактор Акцелератор ја најавува својата нова Инвестициска програма и инвестиции до 100.000 Евра

 

Најактивниот акцелератор во Македонија Х Фактор Акцелератор ја најавува својата нова Инвестициска програма и инвестиции до 100.000 Евра во стартап фирми и дополнителна техничка поддршка, менторство и пристап до компании. Повикот е отворен за пријавување до 15ти Март, со вкупен буџет за инвестиции од 300.000 Евра кои ќе се инвестираат во 3-5 компании.

X Фактор Акцелератор е првиот од трите акцелератори поддржани од ФИТР преку Светска банка, кој во изминатата година реализираше две инвестиции во вкупен износ од 200.000 евра во стартап – тимовите на Матриошка и Vision Dynamix.

Оваа година и покрај предизвиците на корона кризата - X Фактор Акцелератор продолжува да креира средина која го стимулира и поттикнува развојот на новите бизниси преку поддршка на растот за регионална/глобална експанзија.

Кои критериуми треба да ги исполнат стартапите за да аплицираат на повикот?

Што бараме од компаниите како услов за влез во Инвестициската програма:

  • Оформен, искусен и посветен тим,
  • Оформен производ кој е во фаза на пазарна валидација,
  • Продажба на први клиенти,
  • Компанијата да е регистрирана во Р.С.Македонија, со најмалку 51% Македонска сопственост.

Оваа година фокусот е на иновативни решенија од било која дејност, со глобален потенцијал на раст.

 

Што добиваат стартапите во рамки на Инвестициската програма?

Оваа програма има за цел да ги донесе компаниите што побрзо до инвестиција и нови пазари. За таа цел X Фактор Акцелератор ќе започне со преговори за инвестирање и менторска поддршка со 5 до 10 од аплицираните компании преку:

  1. Специјализирана менторска програма спроведена од нашиот тим, како и од искусни ментори од партнерските организации: ФИТР, World Bank, SwissEP, Startup Macedonia, Senior Experts Program.
  2. Покрај експертската помош, акцент ќе ставиме на валидација на постоечките решенија и бизнис модели за пристап до локалните и интернационалните пазари со искусните тимови на нашите корпоративни партнери како Oracle for startups и други локални и глобални корпорации.
  3. Техничка поддршка за компаниите преку унапредување на нивната маркетинг стратегија, дигитално присуство и развој на бренд со тимот на Monday дигитална агенција, дополнителен развој и/или валидација на софтверски решенија со екпертска поддршка на ИТ професионалци од SkillUp Academy и пристап до нови пазари преку 36 Chambers.

Најважниот ресурс кој го добиваат стартапите за време на програмата, освен финансииите е целокупната поддршка за вмрежување и зголемување на видливоста на бизнисите.

Акцелераторот овозможува размена на знаења и искуства помеѓу самите претприемачи, од каде што има огромен потенцијал за произлегување на голем број нови партнерства.

  

Каков е процесот на апликација?

  1. 18.02 Изјавување на Интерес: Апликациите се одвиваат преку нашиот вебсајт со испраќање на краток опис на бизнис идејата со пополнување и прикачување на апликациска форма во коja се објаснува бизнисот,
  2. 09.03 Ask me Anything: Сесија во живо за да праша публиката сѐ што ги интересира;
  3. 15.03 Евалуација: Апликациите кои од страна на Комитетот за евалуација на проекти ќе се оценат дека се најиновативни и имаат потенцијал за раст ќе се квалификуваат за влез во следната фаза;
  4. 20.03 Валидација: Во оваа фаза селектираните тимови треба да поднесат дополнителни документи Pitchdeck, Финансиски проекции, CaseStudy со кои би се потврдиле првичните бизнис концепти и презентирање пред Евалуациониот Комитет;
  5. 01.04 Преговори и Менторство: Вклучување на 5-10 компании во 8 неделна Инвестициона програма и подготовка на компанијата за инвестиција преку, менторство, експертска поддршка, состаноци со потенцијални клиенти и партнери како и преставување на локални и регионални настани. Во текот на програмата тимот на X Фактор Акцелератор ќе го отпочне процесот на Due diligence со тимовите;
  6. 01.06 Демо ден: Стартапите презентираат пред Инвестицискиот одбор и мрежата на партнери, корпорации и инвеститори кои ќе ги одберат компаниите со кои ќе се започнат финалните преговори за инвестиција;
  7. 01.07 Потпишување на Инвестиционен договор: Финализирање на преговарачкиот процес и потпишување договори за инвестиција.

Што да очекувам од X Фактор Акцелератор?

X Фактор Акцелератор има за цел да направи инвестиција во период од 4-6 месеци од аплицирање во програмата во износ од 30.000 до 100.000 евра по компанија, зависно од фазата на развој. X Фактор Акцелераторот има за цел да стане малцински содружник, со процентуален удел во компанијата кој е предмет на преговори. Претставник на акцелераторот ќе добие место во бордот на директори и континуирано ќе помага во донесување на стратешки одлуки и поврзување на компанијата со потенцијални партнери, клиенти и интернационални инвестициони фондови.

 

Овогодинешниот повик официјално е започнат и вашите апликации ги очекуваме до 15ти Март 2021 година преку веб страната на Х Фактор Акцелератор: http://xfacc.mk/

Одговорно лице за контакт: Јозефина Симитчиева 078 377 504

 
   
   
   
   

Најново