Александар Јаковлевски именуван за државен правобранител за подрачјето на Општина Велес
27.01.2021
На синоќешната седница на Владата на Северна Македонија дипломираниот правник Александар Јаковлевски е именуван за државен правобранител за подрачјето на општина Велес .
Јаковлевски дипломираше на Правен факултет „Јустинијан Први“ на УКИМ во студиската 2003/2004 година. Потоа една година беше волонтер во Основен суд Велес. Три години потоа работеше како приправник во адвокатска канцеларија во Велес . Од месец април 2007 година Јаковлевски како самостоен адвокат работеше во сопствена адвокатска канцеларија во Велес.
Именувањето на Јаковлевски за државен правобранител за подрачјето на општина Велес се случи откако пред неполни два месеци на оваа функција беше именувана Валерија Николова.
Со именувањето на Јаковлевски сега на подрачјето на Општина Велес има двајца државени правобранители. Инаку за на подрачје државата може да именува уште еден државен правобранител.
Убавка Јаневска