01.03.2021
Во Полициска станица Велес, П.Ј. (24) пријавил дека на главната улица „Благој Ѓорев“ бил каснат од куче скитник. Во текот на истиот ден и Љ.А.(19) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка, пријавила дека на улица „Благој Нечев“ била касната од куче скитник.
Истиот ден во период од 08:00 до 16:00 часот, на автопатот Градско-Велес, била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од пропишаната. Регистрирани се 11 прекршоци и против овие лица ќе бидат санкционирани соодветни пријави.
За непочитување на Уредбата за носење на лична заштита, евидентирани се 16 велешани. Исто така казнети се 13 граѓани во Кавадарци и тројца во Неготино. Вкупно регистрирани се 32 лица.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
Стефани Манева