Во велешка болница хоспиталзирани се 29 ковид паценти, осум на кислородна поддршка
Објавено на 3 март, 2021 во 14:18
03.03.2021
Во Општа Болнца Велес вкупно се хосптализирани 29 ковид пациенти. Од нив 26 се лекуваат на Инфектвно одделение и тројца на Интерно.
-Од хоспитализираните пациенти, 21 се потврдени позитивни, двајца сомнителни и шест лица се со негативен брис но задржани на болничко лекување, соопшти потпаролката д-р Елеонора Јованова.
На кислородна поддршка се вкупно осум пациенти.
Во текот на денот испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Стефани Манева