Моторцикл удри и тешко повреди 12 годишно девојче на улица „АСНОМ“ во Велес
31.03.2021
Незгодата се случила кога дванаесет годишното девојче, вчера околу 19:50 часот, преминувала на улицата „АСНОМ“ во новиот дел на градот. Во неа удрил мотор марка „Кивеј“ со велешки регистарски таблици управуван од Ѓ.С (19) години. Во незгодата девојчето се здоби со тешка телесна повреда и е пренесена во Општа болница Велес каде е задржано на лекување, соопштија од СВР Велес.
Од Општа болница Велес информираа дека пациентката е донесена од страна на Итна медицинска помош по што биле направени потребни медицински прегледи и снимања. Константирано е дека девојчето се здобило со скршеница на клучна коска од десна страна под вратот поради што е задржано на болничко лекување на одделот за ортопедија.
Исто така екипа на Секторот за внатрешни работи Велес, извршила увид на местото на незгодата. Резултатите од увидот треба да ги покажат причините за несреќата.
Стефани Манева