Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

170753859 461922421592165 6116916639532660971 n

07.04.2021

Екстремно брзото зголемување на бројот на заболени граѓани од „Ковид 19“ во Велес и околните општини е причина за пренамена на Физикалното одделение на Општа болница Велес во ковид одделение. Од денеска и овој медицински објект, во болничкиот комплекс, ќе се прима максимум 25 заболени граѓани од корона вирус откако 54 легла се користат на Инфективно и 52 легла во Модуларната болница.

Тоа се должи на зголемениот број на ковид пациенти кои бараат медицинска помош и болнички здравствени услуги. Според директорот на Општа болница Велес др Божидар Бојаџиев сотојбата во изминатата недела станала пресериозна.

bojagjiev fin

-Исполнети се сите претходно ставени на располагање капацитети на болницата. На Инфективно одделение нема слободно легло и целосно е полна со ковид пациенти Модуларната болница. Во текот на вчерашниот ден ја направивме организацијата на одделот за Физикална терапија каде од денеска можат да се примаат болни граѓани, рече д-р Бојаџиев

Скоро двојно е зголемена и потребата од кислород во велешка болница. Фирмата добавувач на дневна основа, по два пати, врши достава на боци со кислород но вработените, претежно од техничка служба, не можат да престасаат со разнесување на боци.

169953229 735889347045569 4215676240650440607 n

-Навистина овие работници се оптеретени затоа што на дневна основа трошиме огромни количини на кислород, помеѓу 500 и 800 литри, во боци од по 50 литра. Побаравме помош од Градоначалникот којшто дозволи помош од ЈКП „Дервен“ поточно работници од комуналното претпријатие да помагаат во растоварот во координаиција со одговорното лице за кислород на Општа болница Велес, додаде д-р Бојаџиев.

167886682 1386025555082897 445629643670444683 n

Со помош на овие работници боци со кислород ќе се разнесуваат до Инфективно, до Физикална но и до Модуларната болница. Последниот дел од болничкиот комплекс сепак работи без централен довод на кислород. Д-р Бојаџиев го прашавме зошто?

-По планот, јас колку што сум запознат, не беше ставен и испроектиран централен довод за гасови без ралзика што можеби требаше уште во фаза на градбата да се инсталира. Но сите знаете дека Модуларните болници доцнеа со изградба. Ние од тие причини сме приморени сега да ја спроведеме целата процедура со обезбедување на документација околу изградба на подстаница за која што се потребно соодветни дозволи од Катастар за да не биде дивоградба. За жал станува збор за една долга процедура. Општа болница Велес подготви проект но за жал изгубивме поприлично време. Тоа мораше да го сториме за да ги исполниме сите законски обврски и регулативи коишто постојат околу изградбата и да не севоди како диво изграден објект во болничкиот комплекс. Сега ги спроведуваме процедурите поточно , во тек е распишувањето на тендер за градење на подстаницата, додаде д-р Бојаџиев.

168648871 3653046768151331 4912629144765892527 n 2

Според проектната документација првично централен довод на кислород во прва фаза ќе треба да добијат Инфективно одделение и Модуларната болница. Засега не може да се каже точно кога но д-р Бојаџиев соопшти дека максимално биле посветени за што поскоро затворање на процедурите.

Убавка Јаневска

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново