Голем број дејци, од каменестиот но слободарски Велес, со своите дела, оставија длабоки и неизбришиви траги не само во историјата на својот град туку и за Македонија. Имињата на Џинот, Жинзифов, Главинов, Неделковски, Рацин се само дел од плејадата велешани кои го задолжија македонскиот народ да ги памети како свои чеда кои со своите дела направија ова парче македонска земја да живее слободно. Во него се родија и работеа многу преродбеници и борци за слобода. Ништо помало не е значењето и на делата на другите видни велешани, академици, лекари, инжинери, диригенти, актери, политичари, спортисти и културни работници.

Се кројат дрворедите во градот. Екипи на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ денеска ги сечат гранките на дрвата долж улицата „8 Септември, помеѓу Основниот суд и кружниот тек во центарот на градот. Исечените гранки веднаш се собираат во камион и се транспортираат и воопшто не го попречуваат движењето на тротоарот. Единствено помал застој има во сообраќајот.

Седумдесет и осум годишниот П.П.од велешкото село Еловец заработи кривична пријава затоа што ја злупотребил службената положба и го оштетил буџетот на Здружението на инвалидски пензионери за околу илјада и сто евра.

Што нуди Фондот за иновации и технолошки развој, кои се неговите инструменти и како да се аплицира за да се дојде до финансиска помош, денеска се запознаа стпанствениците од Вардарскиот регион.  На ред се компаниите, да покажат добра иновативна идеја и да аплицираат на следниот јавен повик на Фондот и да добијат финансиска поддршка за реализација на проектот. Без разлика на секторот, фондот нуди финансирање на иновации кај миокро, мали и средни претпријатија. Помош од Фондот за реализација на своите идеи досега добиле над триесетина компании.

Изминува и вториот месец од годинава а со поранешниот хотел Интернационал се уште ништо не се случува. Точно пред една година градоначалникот Славчо Чадиев на прес конференција најави дека за 80 дена сопственикот ќе започне со реконструкција на првиот дел од објектот, период за кој општината ќе го заврши генералниот урбанистички план за централното градско подрачје. Тогаш тој потврди дека спорот меѓу општината и сопственикот на објектот е надминат и нема никакви пречки да почне реконструкцијата на хотелот.

Сигурно помисливте дека ќе пишуваме и зборуваме за некоја нова остварена љубов и да, во право сте, но овој пат ќе пишуваме за љубовта кон бизнисот, за страста која ве води да ги остварите своите бизнис амбиции и да дадете нешто ново во општеството. Нешто како Rekovinst. А токму Rekovinst е македонска љубов на шведски начин. Популарната апликација која ги освои скандинавските земји, од неодамна го најави и стартот на својата работа во Македонија, а токму Велес беше одбран како седиште за новата инвестиција.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново