LenceZdravkin3

Шеесет сиромашни семејства во Велес добија млеко, бебешко млеко во прав, бебешки кашички и бебешко млеко со додатоци . Хуманитарната помош ја обезбеди Банката за храна на Македонија преку програмата „Храна за сите“. 

KukaMiskinovi2

Во Башино село не навраќам често, иако се наоѓа на само неколку километри од Велес. Но, oва доаѓањето беше со повод, ја барав родната куќа на двајцата браќа, Константин и Андреа Петкович, познати преродбеници и дипломати во служба на Русија, кои се родени тука. Тие во селото се познати, дури и име на улица добиле како подарок од своите луѓе, а приказната за фамилијата Мискинови, од која потекнуваат браќата Петкович е позната и опишана во колективната меморија на селото.

kocevski

Освен на реализацијата на „Смарт Езеро Младост- Прва иновативна туристичка атракција во Македонија“ финансиран од ЕУ преку ИПА програмата, раководен од Светска банка (ЛРЦП) кој вкупно чини 61.972.09, 00 денари додека општината учествува со сопствени средства во висина од 5.049.000,00 денари, вториот проект од меѓународен донатор е „Велес без бариери“ финансиран со 2.800.000, 00 денари од Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП со кој ќе се постави лифт во општинската зграда и ќе се нивелираат тротоарите на повеќе локации во Велес за да се олесни пристапот до услуги и инфраструктура за лицата со ограничена мобилност.

avionskoprskanje fin

Второто авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 13јуни (четврток) 2019 год. во периодот од 05.00 до 06.30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 14 јуни (петок) 2019 год, информираат од Општина Велес.

Korupcija1

Државната комисија за спречување на корупцијата како и новинарите има иста цел, да ги информираат граѓаните и тоа на начин кој ќе обезбеди објективност и целосност во информирањето,смета претседателката Билјана Ивановска. Тоа, според неа, најважно е и треба да придонесе за зајакнување на свеста на граѓаните за да овозможи борбата против корупцијата да биде поуспешна. Ивановска посакува соработката на ДКСК со новинарите да функционира како тим.

 

RacinoviVasiliucenici fin

Со перформанс изведен од страна на актерот и водител Васил Зафирчев и група млади ученици, синоќа, 6 јуни започнаа 56-те „Рацинови средби“ во големата сала на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Великанот Рацин, генијалниот поет, лиричар, работник, револуционер, антифашист, скоевец, комунист, партизан, проучувач на Богомилското движење, пишувач на статии посветени на Хегел, ги собри по 56-ти пат неговите почитувачи во родниот Велес кои му се поклонија и му ја оддадоа неизмерната почит за неговите грандиозни заслуги за современата македонска литература. Одржувањето на годинешните, 56-ти „Рацинови средби“ се од огромно значење не само за Велес туку и за целата држава поради одбележувањето на големиот и особено значаен јубилеј поврзан со името на Коста Солев Рацин поточно 80 годишнината од печатењето на стихозбирката „Бели Мугри“ во Самобор во печатницата на Драгутин Шпуле.

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново