Во велешката гимназија „Кочо Рацин“ и оваа година се одржа отворен ден за презентирање на програмите за студирање на високошколски образовни институции пред матурантите. Исто така овој ден за информирање со образовните програми на Гимназијата го искористија и завршените деветоодделенци од градот и општините Чашка, Градско и Лозово.

Пеејќи стих од народно-револуционерната песна „А бре македонче“, претседателот на Здружението на пензионери Веле Алексовски го започна говорот пред поддржувачите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија. Откако заврши со песната Алексовски рече дека вечерва можеби е последниот контрапротест бидејќи неколку политички партии се плашеле да излезат на избори.

Се расчистува приземниот дел од поранешниот хотел „Интернационал“. Градежна фирма, подизведувач склучила договор со сопственикот на објектот за да изврши целосно реновирање на хотелот. Според нејзиниот сопственик, Љупчо Карагиров, започнато е расчистување на отпадот од внатрешноста на карабината на градежниот објект. Штом ќе се изнесе шутот и ќе се расчисти зградата ќе се почне со реконструкција.

Општинскиот комитете на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција соопшти дека го поддржува проектот „Субвенции за греење со пелети“ кој неодамна го промовираше претседателот на партијата Никола Груевски. Овој проект како што реакоа е наменет за граѓаните кои своите домови досега ги затоплувале со дрва, струја или друг енергенс.

„Имаме технички министри кои прават такви кочници што и најмоќните и најбогатите земји би капитулирале од нив. Така на пример госпоѓата Ременски, за која јас физички сум кошаркар, не им дозволува на нашите граѓани македонци да се вселат во социјалните станови што им ги додели Владата“. Вака вечерва на единаесетиот ден од контрапротестите на ГДОМ, пред поддржувачите се обрати претседателот на Здружението на пензионери во Велес, Веле Алексовски. Тој ниту вечерва не пропушти да спомене име на новинар за кој рече дека е платеник на СОРОС и ЦИА.

Со чадори во едната и знамиња, балони или пароли во другата рака, се движеа вечерва низ велешките главни улици граѓаните поддржувачи на граѓанското движење „Протестирам“. Жените држеа и цветови во рака. На дождот ја пееја македонската револуционерна песна „Абре Македонче“ или скандираа „ Апаши“, „Мафија на робија“, „Револуција“, „Поддршка за СЈО“, „Готово е Никола“ и друго. Попатно на столбовите и бандерите се лепеја и се боеја постерите со ликовите на Ѓорге Иванов, Никола Груевски и Славчо Чадиев.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/02/2019 година.