Две од жените Kреативки, велешанката Злата Коцева и Галина Младенова од Лозово, кои денеска присуствуваа на средбата за вмрежување со бизнис секторот и агентите за продажба, продадоа по еден рачно изработен производ. Креативките ги изложија креативни изработки на терасата на ресторанот „Булевар“, на главната велешка улица и го привлекоа вниманието на случајните минувачи. Тоа беа рачно изработени креативни изработки што во изминативе месеци ги изработија жени од Вардарскиот регион кои се учеснички во проектот „Економско зајакнување на жените од Вардарскиот регион“ на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“.

Една третина од пензијата му ја запираат, со остатокот од 5.500 денари живее седумдесет и две  годишниот Тодор Манев од Велес. И тие не му стигнуваат за лекови што мора да ги зема бидејќи преживеал четири мозочни удари. Згора на тоа здравствената состојба му ја влошува спондилозата и другите пропратни болести што го навасале. Сопругата на Тодор починала пред две години, па тој останал да живее со невработениот син. Дел од пензијата му ја запираат за неплатен долг од над 60 илјади денари за електрична енергија и веќе долго време му е исклучена.

Велешката опозиција, до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против директорот на Гимназијата Кочо Рацин, С.А. поради основано сомневање дека сторил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Според кривичната пријава, при спроведувањето на постапката за избор на автопревозник за изведување на екскурзијата за ученицитеод трета година, биле прекршени одредби од Законот за јавни набавки и Правилникот за начинот на изведување на ученички екскурзии.

Во велешката гимназија „Кочо Рацин“ и оваа година се одржа отворен ден за презентирање на програмите за студирање на високошколски образовни институции пред матурантите. Исто така овој ден за информирање со образовните програми на Гимназијата го искористија и завршените деветоодделенци од градот и општините Чашка, Градско и Лозово.

Пеејќи стих од народно-револуционерната песна „А бре македонче“, претседателот на Здружението на пензионери Веле Алексовски го започна говорот пред поддржувачите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија. Откако заврши со песната Алексовски рече дека вечерва можеби е последниот контрапротест бидејќи неколку политички партии се плашеле да излезат на избори.

Се расчистува приземниот дел од поранешниот хотел „Интернационал“. Градежна фирма, подизведувач склучила договор со сопственикот на објектот за да изврши целосно реновирање на хотелот. Според нејзиниот сопственик, Љупчо Карагиров, започнато е расчистување на отпадот од внатрешноста на карабината на градежниот објект. Штом ќе се изнесе шутот и ќе се расчисти зградата ќе се почне со реконструкција.

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

15 (петнаесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/03/2019 година.