Четворица жители на Прилеп на возраст од 19 до 35 години вчера се фатени како бесправно сечат дабово огревно дрво во месноста викана Црници во атарот на село Степанци. Ги фатила Шумската полиција при вршење на контрола и ги лишила од слобода. Полицијата од нив одзела десет метри дабови дрва, два патнички автомобили, една моторна пила, рачна количка и други предмети. Тие ќе одговараат за нелегална сеча и трговија со дрва и за пустшење на шума, додека одземените дрва, возила и другите предмети се предадени на Шумската полиција заради спроведување на понатамошни дејствија.

Четири тенди со купола набави Центарот за развој на Вардарски плански регион. Тие  ќе се користат за потребите на сите општини од Вардарскиот регион , за сите манифестации кои ќе се одржуваат во текот на целата година. Денеска две од тендите беа поставени пред административниот влез на спортската сала Гемиџии во Велес. Општината планира да набави уште четири кои ќе бидат во функција на големите настани што ќе ги организира годинава.

Хабитат и општината заеднички ќе ги евидентираат сите колективни станбени објекти во Велес. Ќе прават база на податоци во која освен бројката на обејкти ќе се регистрира видот и состојбата во која се наоѓаат тие, како и на електричната и водоводната мрежа, оџаците , лифтовите и на помошните скали за пожар, а ќе се прави и регистар на управители на згради. Анкетата ќе ја прават екипи од двајца или тројца анкетари во зависност од големината на зградата и бројот на жители во неа.

На еден час пред истекот на крводарителската акција што традиционално ја организира Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ заедно со Црвен крст, крв дарувале седумдесесетина хумани граѓани на Велес. Организаторите очекуваат и овој пат да ја исполнат бројката од над стотина собрани крвни единици.

Шеесет и пет годишен велешанец е пронајден во бесознание, вчера вечерта околу 21.30 часот, на еден километар по завршувањето на улицата Коле Цветков. Тој лежел  на земјениот пат од  левата страна на реката Вардар  во правец на село Караслари, односно на спротивната страна од фабриката Димко Митрев.  Повредениот човек го пронашол член од неговото семејство, а на него имало видливи повреди во пределот на главата и телото. Веднаш бил пренесен во хируршкото одделение на болницата во Велес, но поради сериозноста на повредите под итно е префрлен во Ургентниот центар во Скопје.

Наместо одговори на прозивките од социјалдемократите за неспособното управување на кадрите на ДПМНЕ во фабриката за шински возила во Велес, во писмената реакција, владејачката ВМРО ДПМНЕ  постави контра прашања за опозицијата.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново