Во јужниот дел од левата страна на Велес се наоѓа маалото „Црна Џамија“. Него Турците го викале „Паша маало“зашто во него живееле најбогатите паши и аги и поради изградената џамијата поточно „Црна Џамија“ која името го добила поради тоа што била изградена од црн камен. Според записи џамијата ја изградил Фазли Ахмет Паша, во 1559 година, откако нему му починала единствената ќерка. Тогаш пашата наредил, на широчинката во центарот на маалото, да биде погребано штотуку починатото дете и до неговиот гроб да биде изградена џамија. Поради големата тага кон чедото, Фазли Ахмет Паша им наредил на мајсторите, џамијата да ја изградат од црн камен што тој го плаќал со златници а се носел од непозната далечина. Тогашното турско население џамијата ја нарекувало и „Пашина Џамија“.

Граѓаните поддржувачи на движењето „Протестирам“ и вечерва се собраа кај фонтаната спроти Авона за уште еднаш да тргнат по главната градска улица „Благој Ѓорев“ и да стигнат на плоштад „Сармаале“, во центарот на Велес. Во знак на револт кон актуелната власт по десетти пат пешачеа и ги извикуваа паролите „Шутка не ти бега Никола“, „Мафија на робија“, „Апаши“, „Слобода“, „Ма-ке-до-ни-ја “ и „Поддршка за СЈО“. Во колоната демонстранти пешачеа млади, возрасни па дури и изнемоштени, болни лица. Секој од нив имаше своја причина зошто на ваков начин го користи своето граѓанско право на протест.

На контрапротест и вечерва излегоа поддржувачите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија во Велес. Пред насобраните граѓани говореше директорката на Народниот музеј, Елица Николова. Таа рече дека граѓаните наместо во добро расположение да ги прославуваат верските празници тие се принудени на овој начин да се изборат за слободна и просперитетна Македонија. Преку својот говор побара граѓаните да излезат на избори на 5 јуни и да го дадат својот глас за оние политичари на кои најмногу им веруваат.

Во организација на Здружението на пензионери од Велес, во салата на „Бели Мугри“ се одржа годинeшната ревија на песни, музика и игри од Повардарскиот регион. На оваа традиционална културна манифестација настапија Здруженијата на пензионери од Гевгелија, Валандово, Богданци, Неготино, Демир Капија, Кавадарци, Лозово и Велес кои пред љубителите на фолклорот се претставија со изворни песни, музика и игри од нивните градови. Беа испеани песни за љубовта, грозјето, ракијата, виното, жетвата, за саканото либе, за веридбите, свадбите.

Невнимателното возење и непочитувањето на сообраќајните знаци на патиштата резултираат со фатални последици по човечкиот живот. Со својата животна приказна тоа го потврди скопјанецот Хакија Мекиќ. Тој пред велешките гимназијалци се појави во инвалидска количка и им раскажа како стигнал до неа. Брзајки со автомобилот да стигне навреме, тој не стигнал никаде туку завршил прикован за инвалидкста количка. Тој им порача на младите велешани да возат внимателно и да ги почитуваат собраќајните знаци за да не се доведат во ситуација слична на неговата па дури и фатална по нивниот живот.

Од пред платото спроти Авона до плоштад Сармаале и вечерва по деветти пат протестираше „Протестирам“. Граѓаните поддржувачи на ова граѓанско движење и вечерва дојдоа да го искажат своето незадоволство од спроведувањето на политиките на актуелната власт. Тие како, што рекоа, излегоа на улица за да се спротивстават на авторитарното и корумпирано владеење на власта олицетворена во ликот на Никола Груевски. Извикувајќи ги веќе добро познатите пароли „Нема правда нема мир“, „Апаши“,„ Цела Шутка ВМРО“, „Вратете ги парите“, „Мафија на робија“, протестната поворка мирно се движеше по главната градска улица Благој Ѓорев за потоа преку улицата „8 септември“ да стигне до плоштад Сармаале.

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново