Личностите спомнати како фантом гласачи од страна на СДСМ, си ја задржале истата адреса и во избирачкиот список ги имало само еднаш, реагираат ВМРО ДПМНЕ. Тие немале никаква поврзаност со пратеникот Коџабашиев, се вели во писмената реакција на партијата.

Фантомските гласачи со место на живеење на адреса иста како и на пратеникот Коџабашиев, тема и на денешната прес конференција на велешките социјалдемократи. Тие го повикуваат пратеникот да објасни зошто во неговиот имотен лист не се пријавени дополнителни финансиски средства од станарина ако овие шестмина гласачи, со презиме Станојкови“ биле потстанари во неговата куќа, што се наоѓа на улица „Мирка Гинова“ бр.16.

По пауза од една година, подрачната единица на Фондот за здравтсво во Велес ги доби неиспорачаните електронски здравствени картички. Распределбата на 2400 нови здравствени легитимации започна веднаш. Со цел да се избегнат гужвите на шалтерите, Фондот за здравство ги издава во соработка со матичните лекари.

Личностите спомнати како фантом гласачи од страна на СДСМ, живееле под кирија во куќата на пратеникот Коџабашиев, стои во писмената реакција на ОК на ВМРО ДПМНЕ. Според нивните информации овие луѓе се уште биле евидентирани како жители на оваа локација и немале друга адреса на која што се регистрирани. Токму затоа, тие не гласале на друго избирачко место туку на претходно определеното.

Шеесет и две годишен велешанец „олеснет“ за 350 литри ракија. Непознат сторител му го украл алкохолот од викендицата што се наоѓала во месноста „Карасларска Чука“ во атарот на селото Караслари.

Граѓаните на Велес очекуваат подрачната  канцеларија  на Државната изборна комисија  да се изјасни во врска  со фантомските гласачи кои според информациите на дел од медиумите, гласале од истата адреса на која живее пратеникот  Ѓорѓи Коџабашиев.  Вака денеска реагираше опозициската СДСМ во Велес.  Според  нивните сознанија  шестмината гласачи се наоѓале на избирачкиот список, на последните предвремени  парламентарни  и претседателски избори во 2014 година.  На  списокот  се воделе под истата адреса на живеење како и на пратеникот.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново