Изминува и вториот месец од годинава а со поранешниот хотел Интернационал се уште ништо не се случува. Точно пред една година градоначалникот Славчо Чадиев на прес конференција најави дека за 80 дена сопственикот ќе започне со реконструкција на првиот дел од објектот, период за кој општината ќе го заврши генералниот урбанистички план за централното градско подрачје. Тогаш тој потврди дека спорот меѓу општината и сопственикот на објектот е надминат и нема никакви пречки да почне реконструкцијата на хотелот.

Сигурно помисливте дека ќе пишуваме и зборуваме за некоја нова остварена љубов и да, во право сте, но овој пат ќе пишуваме за љубовта кон бизнисот, за страста која ве води да ги остварите своите бизнис амбиции и да дадете нешто ново во општеството. Нешто како Rekovinst. А токму Rekovinst е македонска љубов на шведски начин. Популарната апликација која ги освои скандинавските земји, од неодамна го најави и стартот на својата работа во Македонија, а токму Велес беше одбран како седиште за новата инвестиција.

Зголемен е водостојот на езерото „Младост“. Водата повторно се прелева преку браната. Дождови ја зголемија количината на вода во вештачката акумулација. Нивото на водата е покачено и на северната страна на езерото. Таму се чини дека висината на водостојот е зголемена за близу еден метар. Тоа најдобро се гледа на самиот езерски брег, кај куќичката под мотелот „На велешко“. Објектот е целосно поплавен од водата како и првиот дел од бетонската тераса што ресторанот ја користи во летниот период. Количини од езерската вода се прелеваат и во паркот, под мотелот, иако таму има изграден ѕид што го одделува езерото од парковската површина.

Само две години е домаќинка и собра храброст своите кулинарски способности да ги прикаже на годинешната манифестација „Вешта жена“. Рамо до рамо со поискусните домаќинки, дваесет и петгодишната Марија Перковска  за натпреварот подготви полнет пилешки ролат за главно јадење и чоколадна торта за десерт.

Почина шеесет и пет годишниот велешанец  кој пред десет дена беше пронајден во бесознание и облеан во крв на земјениот пат од левата страна на реката Вардар на јужниот излез од градот.  Тој починал во Ургентниот  центар во Скопје каде бил пренесен  со неколку убодни рани во стомакот и повреди на главата и телото.

Не стигнале сметките за радиодифузна такса, реагираат граѓаните на Велес. Тие велат дека веќе трет месец немаат добиено налози за да можат да си ја исполнат својата обврска и да ја подмират со Закон предвидената такса. Револтирани се и зачудени од ваквиот однос бидејќи, како што велат, еден ден, кога ќе ги добијат уплатниците, наеднаш ќе мораат да ги уплатат парите за сите месеци. Така велат дека тоа за нив ќе биде голем товар.

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново