Замрзнатиот дожд што падна вчера попладне од 17.30 часот направи проблеми на улиците во Велес. Не само во повисоките делови од градот, каде улиците наликуваа на вистински лизгалишта туку поледица имаше и во централното градско подрачје. Замрзнатиот дожд го отежна движењето на граѓаните и на возилата. Службите за одржување на градските улици веднаш фрлија сол и немаше лизгања на возилата на главните сообраќајници. Но поинаква беше состојбата на тротоарите. За кратко време по нив не можеше да се оди.

Малиот лифт во велешката болница веќе подолго време не работи. Сега сите, пациентите и граѓаните, го користат големиот лифт во петкатната болничка зграда кој вообичаено беше наменет за персоналот и за итните случаи во болницата. Но тој функционира само со чип па затоа вработените од централата постојано мораат да го отвораат за да можат граѓани и пациенти да стигнат до одделенијата. Директорот на болницата д-р Атанас Василев вели дека лифтот е стар дваесетина години и е дотрајан. Неколку пати досега бил поправан. Последен пат бил сменет и моторот но за кратко бидејќи бил максимално искористен повеќе не можел да се поправа.

Целосна заштита добија и палмите во Велес. Освен стеблата кои се завиткани со трска и јутени вреќи, сега со најлони се заштитија и листовите на тропските дрвја. На овој начин одговорните веруваат дека ќе ги заштиттат од измрзнување поради ниските температури. Деновиве службите со најлони ги заштитија листовите на четириесетината палми, насадени на неколку локации во градот, на влезот во Велес, во паркот кај поранешниот Офицерски дом и во Младинскиот парк.

Вчерашните врнежи од дожд и снег во велешко не создадоа снежна покривка.  Засега нема посериозни  проблеми на подрачјето на општините Велес, Чашка и Градско.  Патиштата  кон селата кои гравитираат кон Велес  се проодни. Единствено жителите на село Дреново  се пожалиле дека на неколку места на патот имало подрзнување.

Благој Крајчев со синот Ѓоре повеќе од пет децении во Велес се најпознати и најдобри производители на женски ташни. Мајстор Благој занаетот го научил од познат мајстор во старата велешка сарачка чаршија и првично покажал што умее како работник во старата велешка фирма „Работник“. Неговата креативност го донела и до директорското место. Тоа што го умеел несебично го споделил на останатите вработени меѓу кои бил и Ашикот. По десетина години мајстор Благој бил повикан да работи во крзнарската индустрија „Димко Митрев“ каде што останал се до 1968 година. Наредната година, кога тогашната власт дозволила, Благој  отвара приватен дуќан со работилница во градот веднаш до фурната на Тевчеви, на главната улица, од спротивната страна на поранешната стоковна куќа „Нама“.

Општина Велес од утрово има две нови жителки. Првата се вика Исра и се роди во 8 часот и 16 минути на гинеколошко - акушерското одделение во болницата. Таа е втора ќерка на дваесет и осум годишната Фетие Кадриева  од селото Горно Јаболчиште. Три часа подоцна мајката Џеврија Амедова од село Горно Јаболчиште ја роди својата трета ќерка која е второ новороденче денеска во болницата.

Поврзани вести

300x250 web banner Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 26/07/2019 година.