Несреќата се случила пред еден час на улицата „Максим Горки“ во населбата Долни Дуќани, на јужниот излез од градот. Според првичните информации градежниот работник работел позади куќата во малиот пролаз помеѓу потпорниот ѕид и земјениот брег кога според очевидци одеднаш се свлекле земја и камења и го затрупале. На колегата се обиделе веднаш да му помогнат останатите градежни работници ангажирани на поставување на фасадата на куќата.

Во минатото во центарот на градот ,покрај железничката пруга Велес - Гевгелија, поточно од галаријата кај Мало Мовче до галаријата кај Нов Мост или денешен Гемиџии живееле најимотните граѓани на Велес. Нивните куќи се наоѓале веднаш до главната улица со продавници и дуќани, на која се наоѓала и зградата на општината како и другите административни објекти. Овие велешки семејства ги купиле убавите и големи куќи од беговите и агите кои се исселиле поточно си заминале од градот. И токму таму, во една од куќите се родила и живеела професор Лилјана Георгиева- Бојаџиева со чија помош ги забележавме семејства, нивните сопственици и нивните наследници кои се дел од оваа градска приказна.

(Мајстор Јован Хаџи Наумов е прв од десно)

Еден од тројцата мајстори за производство на чешли и гребни во велешката чаршија во минатиот век бил влачарот Јован Хаџи Наумов. Тој бил роден во 1895 година како едно од трите деца на Ѓошо Хаџи Наумов. Имал брат Петре и сестра Лефка. Јован учел трговско училиште а по часовите одел да го учи и чешларскиот занает на татко му. Секое попладне заедно со брат му Петре излегувале од родната куќа во Дворови, која се наоѓала на местото на некогашното училиште „Трајко Андреев“  и преку Мало Мовче се упатувале во дуќанот на татко им што се наоѓал во старата чаршија, недалеку во редот дуќани под денешен ДОЗ. Токму таму ги совладувале вештините за изработка на чешли од рогови на волови, биволи, овни и браови како и грибни за влачење на волна.

Со бехатон плочки ќе се поплочува тротоарот од десната страна на улицата „8 Септември“, од плоштад Сармаале до „Стара аптека“, спроти комплексот банки. Од утрово вработени на градежна компанија ги вадат старите и уништени бетонски плочи и ја подготвуваат подлогата за поставување на новите бехатон плочки. Во должина од 350 метри ќе се реконструира тротоарот во центарот на градот.

Падна велешанец од прозорец на трети кат, во зграда со приземје на улица „Благој Ѓорев“ број 93 во близина на раскрсницата над Гимназијата. Несреќата се случила претпладнево околу 10 и 30 часот и сведоци се граѓаните кои се движеле по тротоарот како и продавачите и купувачите во продавниците што се наоѓаат во приземјето на зградата. Тие веднаш повикале Брза помош и притрчале да му помогнат на тешко повредениот кој давал знаци на живот. Станува збор за маж на возраст од над триесетина години кој добил прва медицинска помош и веднаш бил пренесен во Болница.

Четириесет и едногодишниот велешанец имал нож во рака додека ги бркал двете деца, на возраст од 12 и 14 години, на улицата „Благој Ѓорев“ пред кафе бар „Бодега“. Инцидентот се случил изминатиот четврток, на 31 март, околу 18 часот. Децата си играле пред зградата во комплексот „Лепотици“ во која живееле. Насилникот успеал да повреди едно од децата во пределот на раката.

Очевидци повикале полиција. Полицајците интервенирале, му го одзеле ножот на насилникот и потоа го привеле во полициската станица во Велес. Насилникот бил сослушан и за инцидентот бил информиран Јавен обвинителе во Велес а потоа бил пуштен дома.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Општина Велес ја известува јавноста дека, започнувајќи од понеделник, 24 февруари 2020 година, Друштвото за производство, промет и услуги „Стентон Градба” ДОО с. Долно Оризари – Битола, врз основа на склучен Договор со Јавно претпријатие за државни патишта, ќе започне со изведба на градежни активности на местото викано „Цуцка”, во близина на манастирите Св. Ана и Св Димитрија.

За време на градежните работи за санација на свлечиштето (одронот) на регионалниот пат Велес – Градско (транзитен дел низ Велес), сообраќајот ќе биде времено изменет.

Општина Велес апелира до учесниците во сообраќајот, како и до сите жители кои гравитираат кон овој дел од градот, за внимателно управување со моторните возила и движење на пешаците и почитување на поставената вертикална сигнализација (сообраќајни знаци и дополнителни информативни табли).

Со почит,

Општина Велес

Rontis oglas 2

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 06/03/2020 година .

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново