(Мајстор Благој е прв и држи шише во рака помеѓу занаетчиите што стојат а брат му Димко е петтиот во истиот ред)

Браќата Димко и Благој Маџарови  не само што беа најпознати тенекиџии во сарачката чаршија, во минатиот век во Велес, туку беа и меѓу ретките браќа што од почеток па се до пензионирањето работеле заедно. Заедно делеле и арно и лошо. Во ниту еден момент не се скарале, а  ниту во еден момент не дозволиле во нивната работа да влијаат нивните жени или пак деца. Мајсторите тенекиџии почнале да работат прво во изнајмен дуќан, во Безистенот за на крајот да завршат во сопствен дуќан веднаш до главната улица до потокот и градското пазариште.

Тројцата синови на Андреја Aндреев,  Ордан, Тоде и Димуш, во триесетите години на минатиот век, биле меѓу најпознатите фурнаџии во Велес. Тие отвориле фурни на улицата „Браќа Поп Јорданови“, која почнува  кај  Градскиот саат и излегува на Теќе. Така го исполниле аманетот на таткото, познат земјоделец и производител на афион и пченица кој имал и лозје. Сиромашниот Андреја не сакал неговите деца да се борат со земјата па сите тројца ги дал да учат занает  кај познатиот лебар  Калдрма, тогашен голем мајстор за производство на леб, симиди, буреци, гевреци и друг вид на пецива. Ордан, Тоде и Димуш за неколку години го научиле занаетот. Потоа со помош на татко им прво изградиле фурна во куќата на Теќе.

Експресно реагираа директорите на прозваните училишта  на обвинувањата на СДСМ дека во нив нема греење на почетокот од второто полугодие на учебната година. Лилјана Николовска, Љупче Николовски и Василка Ѓурчиновска  рекоа дека не било вистина дека нема греење во основните училишта  „Васил Главинов“ и „Блаже Конески“ како и во интернатот „Лазар Лазаревски“.

Одбележано е, од денеска, местото на брегот на велешко езеро на кое се појави распукување во должина од дваесет метри. Тоа е небезбедно за паркирање  на автомобиле и движење на луѓе. Подружницата во Велес на јавното претпријатие „Македонија пат“ постави светлечки столбчиња како предупредување. Насочниците се поставени покрај самиот коловоз на регионалниот пат кој минува покрај самиот брег на езерото „Младост“ и води до мотелите.

Без греење го започнале второто полугодие од учебната година учениците во основните училишта Васил Главинов и Блаже Конески како и учениците сместени во ученичкиот дом Лазар Лазаров во Велес, соопштија денеска од СДСМ. Според опозицијата, учениците од најголемото основно училиште во градов вчера биле принудени да ја следат наставата со јакни и шалови, слична била состојбата и во Блаже Коневски, и таму учениците се смрзнувале. Од СДСМ велат дека на наставниците не им било дозволено да ги вклучат дополнителните грејни тела.

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа, синоќа на автопатот Скопје-Велес, на два километри од наплатната станица Сопот кај местото викано Клисура. Возачот со автомобилот марка „фиат линеа“ со скопски регистарски таблички, движејжи се по коловозот, од засега непознати причини излетал од патот од десната страна и слетал во провалија.

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner