Уште еден ден низ улиците на Велес, Шарената револуција дваесет и седми ден протестира против како што велат фашистичката и режимска власт. Пред велешани вечерва во центарот на градот говореше Аднан Џаферовски од Скопје. Тој истакна дека е чест да се биде помеѓу луѓето кои застанале на браникот на државата, на страната на правдата и слободата.

Со половина плата за март и половина за април преживуваат работниците на велешка Колска во првата половина од годинава, велат од СДСМ. Според опозицијата Без плата и здравствено осигурување работат сто дваесетте работници кои велат се последица на неспособното управување на кадрите на ВМРО ДПМНЕ. Опозицијата прашува на кој начин директорот на Колска Борис Алчев платил придонеси за пензиско и здравствено осигурување ако исплатил само половина плата.

Одекнува звукот од чеканот и длетото од куќата на Касапови во Велес. Дванаесет ученици од четирите основни училишта во градот на ореово дрво ги резбаат омилените фигури. Тие се дел од резбарската работилница во која тајните на овој занает им ги пренесува познатиот резбар Љубомир Бисинов.

Со термоизолациони фасади, до први септември, ќе бидат направени сите шест клона од детската градинка Димче Мирчев во Велес. Моментално ваква фасада се поставува во објектот на градинката во близина на основното училиште Св. Кирил и Методиј. Поставувањето на изолацијата во градинките е дел од проектот на ЕУ „Енерџи нет“ со кој беа опфатени само петте клона. Шестиот клон ќе се реновира со пари од буџетот на општина Велес. За енергетската ефикасност на деттската градинка Димче Мирчев, од проектот ќе се потрошат над 86 илјади евра.

Организацијата на работодавачи на Македонија започна со реализација на серија тематски состаноци во рамки на новиот проект наречен „Деловен појадок“, чија главна цел е размена на мислења и идеи од кои ќе произлезат предлози за измени и дополнувања на законската регулатива во областите кои се од интерес на членките и воопшто на работодавачите во Република Македонија, а ќе овозможат подинамичен раст на бизнисот и домашната економија, отворање нови работни места и поголема социјална сигурност на сите граѓани.

Вкупно 563 првачиња се запишаа во првиот уписен рок основните училишта во Велес и велешко. Во основното Блаже Конески. од први септември годинава на училишните клупи ќе седнат 136 првачиња. Речиси двојно помалку или 75 првачиња се запишаа во основното училиште Св. Кирил и Методиј и подрачното во село Црквино.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново