Сведоците на обвинителството денеска беа сослушувани на продолжението на главната расправа за судскиот процес легализација на Планинарски дом „Чепле“с, за кој се товари градоначалникот на општина Чашка, Горанчо Пановски. На прашања на обвинителката и адвокатот на Пановски одговараа првите луѓе на Федерацијата на спортски планинарски домови на Р.Македонија и комисијата за планинарски домови. Сите тие рекоа дека досега не е утврдена сопственоста на планинарските домови низ државата и дека никој досега не го оспорувал правото на користење на домовите кои се запишани без имотни листови како сопственост на државата.

Во Основниот суд во Велес денеска е отворена стечајна постапка за фирмата што требаше да го изгради најголемиот скијачки центар на планината Кожуф, во јужна Македонија. Стечајниот судија Валентина Ѓорѓиевска го прифати барањето на поранешни вработени во ски центарот за отворање на стечајна постапка. За стечаен управник е именуван Богољуб Макревски. Сега ќе следи постапка на попис и проценка за утврдување на стечајната маса на должникот ски центар Кожуф. Испитното рочиште и извештајното собрание се закажани за 11 јануари 2017 година. Сега се очекува стечајниот управник Макревски да соопшти повеќе информации поврзани со постапката и за стечајната маса, штом биде готова.

Точно напладне и денеска во воздухот во Велес се регистрирани високи концентрации на загадување. Според мерењето на веб апликацијата „Мој воздух“ велешани утрово се буделе додека воздухот бил чист потоа како денот се ближел кон пладне така се зголемувале вредностите на загадување. Највисоки концентрации се регистрирани напладне кога на скалата на веб апликацијата, што инаку ги превзема податоците од мерната станица Велес 2, е прикажано загадување со ПМ 10 честички од скоро 260 микрограми на метар кубен воздух. Оваа вредност е многу висока, во воздухот има над нормално загадување па затоа и самата веб апликација mojvozduh.mk ги советува граѓаните да избегнуваат да бидат на отворено подолги периоди додека на малите деца, старите лица и бремените жени им препорачува да не излегуваат без посебна потреба.

„ Го сакав и сеуште го сакам терзискиот занает. Тој е мојот живот. Почнав како петнаесетгодишно момче и еве и денес кога имам осум децении не можам да се разделам од него. Тој е дел од мене. Со игла и конец спечалив куќа и си обезбедив скоромен живот. Со моите десет прсти и со оваа игла, со конците и со мојава стара машина работам повеќе од шест децении. Нешто од внатре ми вели дека можам уште да работам. Не шијам костуми, но сеуште сум им потребен на моите муштерии за да им заменам патент, да им скратам панталони, да им закрпам палто. Горд сум кога тие се задоволни. Нивното присуство во мојот дуќан, сега сместен во една соба во приземјето на домот, ме прави уште посреќен . Сега е пладнина. Муштериите си заминаа но, попладне повторно ќе дојдат и ќе прикажуваме за поранешните златните времиња на терзискиот занает. Туку јас се расприкажав многу, а не те поканив да влеземе во дуќанот“, ми рече велешкиот терзија Зоран Коцевски кога ме пречека во дворот на својот дом што се наоѓа на улицата „Солунска“ бр.5.

- Се подготвуваат документите за транспорт на посмртните останки на Билјана З. од Лондон во Македонија. Триесет и шест годишната девојка била пронајдена мртва во станот во кој живеела. Амбасадата на Македонија во Велика Британија посредува во постапката и му помага на овластеното лице од семејството на починатата. Штом се заврши со прибирањето на сите потребни документи и се обезбедат сите протоколи, посмртните останки ќе бидат пренесени во државава, рекоа од Министерството за надворешни работи.

Девојката била пронајдена изминатиов вторник. Потоа им било соопштено на нејзините родители во Велес. Македонката која им ја соопштила трагичната вест на родителите на девојката не знаела што се случило претходно. Таа кусо им кажала дека нивната ќерка е однесена на обдукција од чии резултати ќе се утврди причината за смртта.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново