Хуманоста не познава професија. Вработените на Секторот за внатрешни работи во Велес денеска ги подадоа своите раце на крводарителската акција која секоја година традиционално се одржува во зградата на велешката полиција. На акцијата се собраа дванаесетина крвни единици речиси од сите крвни групи. Според д-р Ефтим Димитровски од Институтот за трансфузија во Скопје, соработката со велешките институции е на високо ниво.

Експанзија на грип во Велес. За само една недела, поточно од 01 до 07 овој месец, регистрирани се вкупно 145 граѓани заразени од грип. Најголем дел од нив се на возраст од 15 до 60 годишна возраст. Од Центарот за јавно здравје велат дека станува збор за заразување кај активно население, додека многу помалку има грипозни од претшколска и школска возраст како и граѓани над 60 години. Зголемена телесна температура, болки во зглобовите , мускулите и грлото, и треска се симптомите на ова заразно заболување. Лекарите велат дека во овој период од годината граѓаните особено оние со намален имунитет треба да внимаваат и да избегнуваат масовни собири.

Подмладокот на ВМРО ДПМНЕ со контра ракција на денешната прес конференција на младите социјалдемократи. Според нив токму СДСМ е партијата која ја закопала судбината на младите во Велес и Македонија, додека владата на ВМРО ДПМНЕ само во последните два месеци промовирала 20 проекти од кои бенефит имаат сите млади во земјава. На денешната прес конференција младите на ДПМНЕ ги спомнаа проектите кои досега партијата ги реализирала.

Двајца арамии денес во Велес околу 12,30час. на улица Алексо Демниевски извршија вооружен грабеж на автомобил на фирмата за обезбедување „Перпетуум Мобиле“ со кои пренесувале пари.  Разбојниците му го пресекле патот на автомобилот во кои се носеле парите на улицата токму пред зградата на Здружението на пензионери. Едниот од нив му вперил пиштол на возачот а другиот го скршил задното стакло на возилото од каде ги извлекок парите сместени во кутии. Потоа разбојниците се дале во бегство трчајки преку платото на спортската сала  „Гемиџии“ и паркот . Таму имало паркирано возило комбе со кое имале намера да избегаат по патот пред зградата на ЈКП „Дервен“ кон патот за Скопје преку Башино село.

По Варналиите и „Долни Дуќани“,  некогаш  било едно од поубавите маала во Велес. Се наоѓа на јужниот дел од градот веднаш над главниот пат кој преставува јужен излез од градот. Таму порано граѓаните граделе големи и модерни куќи. Некои се изградени на карпи и како кутичиња  наредени една врз друга. Првите ги изградиле веднаш над брегот на  реката Вардар и секоја од нив имала широки чардаци со поглед кон бистрите води на реката. Граѓаните поголем дел од денот го поминувале токму на чардаците.

(Семејството Мајсторови, со таткото Игнат- познатиот мајстор градител)

Мајсторови биле едно од познатите семејства во Велес. Името го добиле по занимањето на нивните родители кои биле мајстори - ѕидари. Биле позната и многу ценета тајфа која учествувала и во изградбата на големиот  потпорен ѕид на црквата „Свети Пантелејмон“. Семејството Мајсторови најнапред живеело во „Маалска“, а по заминувањето на Турците, купило стари и изградило убави нови куќи, веднаш до градскиот саат.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново