Жителите на улицата Никола Оровчанец , често пати пишувале поплаки и се обраќале до Секторот за внатрешни работи во Велес. Тие од полицијата барале сообраќајците редовно да го регулираат протокот на автомобили и нивното паркирање особено откако биле поставени столбчињата пред новоизградената зграда со што улицата, од почетокот до куќниот број 15, е стеснета за еден метар . Од полициската станица за Дума денеска велат дека полицијата повеќе пати постапила поточно полицајците излегувале и постапувале согласно законските надлежности.

По дванаесет илјади денари ќе добие секое семејство од најранливите категории чие дете е ученик во средно образование и редовно ја посетува наставата во текот на учебната година. Ваквата парична помош е дел од Владината мерка за заштита на социјално загрозените категории на граѓани, рекоа од ОК на ВМРО ДПМНЕ во Велес.

Два деновиве ќе започнат да се реконструираат и уште за два рекреативни пензионерски домови велешкото Здружени на пензионери чека одлуки од општините Велес и Градско. Откако општина Чашка донесе одлуки со кои им ги преотстапи зградите на старите училишта во селата Мокрени и Богомила велешкото здружение ги започна подготовките за поправки и преадаптирање на просторот.  На овој начин здужението започна да ја реализира програмската активност за обезбедување на објекти кои ќе служат за престој во природа, за рекреација а по потреба и за домување на пензионери кои останале сами. Сепак објектите ќе можат да ги користат и останатите граѓани.

Секојдневно се блокира главниот влез во месноста Дворови во Велес. Го блокираат десетици паркирани возила од двете страни на почетокот на улицата „Никола Оровчанец“ до куќниот број петнаесет. Таму од левата страна на улицата се наоѓа ред од куќи а од десната страна се изгради колективен станбен објект и сега тешко се мине со автомобил, потешко со џип додека невозможно е да се пробие комбе, амбулантно возило или пожарна. Паркираните возила им ги блокираат влезовите во куќите и во гаражите, на граѓаните кои таму живеат. Тие велат дека состојбата е неподнослива како ноќе од паркираните автомобили на станарите во зградата така и дење кога пред нивните влезови превозни сретства паркираат граѓани што доаѓаат во центарот од сите страни на градот за да завршат работа во банките, во судот и другите институции.

Во последниве години во Велес драстично се зголемува бројот на разводи. Тоа го потврдува и фактот што само во јануари годинава во Основниот суд во Велес се поднесени 13 тужби за раскинување на брачна заедница. Во споредба со лани бројот на разводи за овој месец е двојно поголем. Во првиот месец од годинава, според матичната служба, во брачна заедница стапиле 20 парови.

Четворица жители на Прилеп на возраст од 19 до 35 години вчера се фатени како бесправно сечат дабово огревно дрво во месноста викана Црници во атарот на село Степанци. Ги фатила Шумската полиција при вршење на контрола и ги лишила од слобода. Полицијата од нив одзела десет метри дабови дрва, два патнички автомобили, една моторна пила, рачна количка и други предмети. Тие ќе одговараат за нелегална сеча и трговија со дрва и за пустшење на шума, додека одземените дрва, возила и другите предмети се предадени на Шумската полиција заради спроведување на понатамошни дејствија.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново