Советот за етика во медиумите на Македонија  денеска во Велес ќе одржи дебата на тема “Медиумите, изборите и улогата на саморегулацијата“.

Претставниците на Советот за етика во медиумите кои ќе присуствуваат на дебатата со новинарите, портпаролите на јавните локални институции и на граѓанските здруженија ќе зборуваат за значењето и перспективите на саморегулацијата, како и за досегашните искуства на Советот за етика и  соработката со слични тела во меѓународни рамки.

Педесет и тројца граѓани починале во изминатите дваесет и седум дена од  месец јануари, годинава во Велес.  Кај најголем дел од нив причина за смртта се кардиоваскуларните заболувања. Смртните последици настанале како резултат на срцеви удари и мозочни изливи.  Стресот  на кој што граѓаните секојдневно се изложени  како и честите промени на временските прилики доведуваат до фатални последици по животот на граѓаните.  Најголем број од починатите се млади луѓе на возраст од педесеттина години.  Лекарите од  Итна помош ја потврдуваат информацијата велејки дека променливото време најмногу влијае на влошената здравствена состојба на граѓаните особено на хроничните болни.

Трговскиот ден на Македонската берза за хартии од вредност денеска беше отворен со блок трансакција со акциите на „Жито Вардар“ АД Велес.

Личностите спомнати како фантом гласачи од страна на СДСМ, си ја задржале истата адреса и во избирачкиот список ги имало само еднаш, реагираат ВМРО ДПМНЕ. Тие немале никаква поврзаност со пратеникот Коџабашиев, се вели во писмената реакција на партијата.

Фантомските гласачи со место на живеење на адреса иста како и на пратеникот Коџабашиев, тема и на денешната прес конференција на велешките социјалдемократи. Тие го повикуваат пратеникот да објасни зошто во неговиот имотен лист не се пријавени дополнителни финансиски средства од станарина ако овие шестмина гласачи, со презиме Станојкови“ биле потстанари во неговата куќа, што се наоѓа на улица „Мирка Гинова“ бр.16.

По пауза од една година, подрачната единица на Фондот за здравтсво во Велес ги доби неиспорачаните електронски здравствени картички. Распределбата на 2400 нови здравствени легитимации започна веднаш. Со цел да се избегнат гужвите на шалтерите, Фондот за здравство ги издава во соработка со матичните лекари.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново