Здравството е целосно партизирано и наместо да им помага на граѓаните создава дополнителен хаос. ВМРО ДПМНЕ не се грижи за интересите на граѓаните туку за тоа како да ги згрижи своите партиски кадри. Со вакво обвинување денеска излегоа од општинската организација на СДСМ во Велес. Според опозицијата, ќерката на главната сестра во велешката болница Мила Лазова била вработена во болницата 8-ми септември во Скопје, додека пак претседателот на советот на општина Велес д-р Александар Колев инаку специјализант на хирургија бил вработен во новоформираната Кардиохирургија во Скопје.

Седумдесет и пет годишната Марија Гуцева чија куќа  изгоре во пожар не може да се помири со несреќата што ја снајде. Утрово ја затекнавме покрај пеплосаните остатоци од покуќнината, преморена и истоштена од траумата што ја преживеја. Таа моментално престојува кај нејзината керќа, но вели станот е претесен и не сака да им биде товар на своите внуци.

Од левата сарачката и од десната страна на далеку познатата велешка чаршија. Стар Велес бил град со две чаршии. Во втората, на десната страна на брегот на Вардар, наредени помеѓу куќите на богатите семејства  биле дуќаните на врвните мајстори  кондураџии, терзии, бербери  и други занаетчии. На главната градска улица, покрај хотелите и кафеаните, исто така  се наоѓале административни згради, читални, библиотека, спортски објекти. Токму таму,  во повеќе дуќани трговците ги продавале и  производите увезени од европските  земји.  Дуќаните, распоредени на двете страни од главната улица, му давале европски изглед на Велес. Токму оваа чаршија ја опеал Кочо Солев Рацин во стихозбирката „Бели Мугри“. Рацин  во песната „На Струга дуќан да имам“ напишал: „Ние имавме чарии и рој кошници, пазари и ред редени маази полни преполни со стоки. Слегнеш ли долу чаршија, минеш ли покрај дуќани, пукот и врева работа и алати полно чекмеџе. Сами ковавме кондури, правевме бочви, мотики, со нашите раце мајсторски дигнавме бели градови...“

Околу четиристотини производи изработија педесет и петте креативни жени од Вардарскиот регион кои учествуваат во проектот „Економско зајакнување на жените од Вардарскиот регион“ на Фондација Фокус. Рачно изработени накит, плетени и декорирани  јаки, џемпери, ташни, волнени шалови, наметки, предмети изработени од хартија и рециклиран материјал се само дел од изработките на жените. Тие ги предадоа во Креативниот центар во Велес. Одговорните во проектот, поголемиот дел од изработките на жените, кои што се од останатите општини во регионот, ги земаа откако ги посетија во градовите во кои живеат. Меѓу изработките  има ексклузивни примероци. Сега следи фазата на нивно фотографирање по што ќе бидат објавени во каталог и на веб страницата „Креативка.мк“.

До темел изгоре денеска трошна куќа на улица Благој Јосмов во Велес, во месноста Врналиите.  Експлозија од стар телевизор била причината за пожарот во домот на велешанката Марија Гуцева, која сама живеела во куќата. Таа претпаднево околу 11.30 часот го вклучила телевизорот кој веднаш експлодирал. Испаничена и преплашена, кога жената видела чад во собата истрчала надвор од домот и побарала помош од соседите. За кратко време по чадот избувнале пламените јазици и ја зафатиле целата куќа. Кога пристигнавме на местото на пожарот Марија беше видно вознемирена и низ плач ни раскажа како се случила несреќата.

Да се има куќа во близина на градскиот саат во стар Велес  било големо задоволство. Oвој благодет прво го имале само граѓаните Турци додека македонското население живеело во повисоките делови на градот како Бузаана, Којник, Мегдан, Прцорек. Според турскиот патописец  Евлија Челебија, кој во Македонија претстојувал во 1660 година и го посетил Велес,  беговите и агите имале куќи во непосредна близина на градскиот саат, Бела и Црна Џамија,  „Дворови“, на главната улица и во близина на чаршијата и дуќаните.  Во еден запис, врзан за  саатот, патописецот вели дека градскиот саат имал ѕвоно кое одѕвонувало дури до Башино Село туку и до Градско.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново