Студеното време со температура под нулата нема да ги спречи храбрите верници утре да се фрлат по светиот крст во водите на Вардар во Велес. Околу стотина велешани се подготвуваат за овој свечен чин, но бројката се уште не е конечна. Од Повардарската епархија велат дека граѓани се пријавуваат и утре на самиот ден и откако ќе завршат лекарските прегледи ќе се знае колку граѓани ќе влезат во студената вода.

Амбаркови  се старо велешко касапско семејство кое живее на левата страна на градот. Најстариот од нив бил касапот Ордан  роден во 1895 година. Уште како дете го учил касапски занает кај познати мајстори во велешката чаршија. Кога станал мајстор работел во касапницата на мајстор Кузев  кој се наоѓал во сарачката чаршија. Ордан имал еден син Стојан и еден внук Димко. Тие не го продолжиле занаетот туку тоа го сторил внукот на Ордан, Ѓоре од брат му Димко.

Маалото „Варналиите“  било едно од најубавите на левата страна на Велес. Дека навистина во ова маало имало многу убави куќи и во нив  живееле богати граѓани зборува и фактот што Турците го нарекле „Алтан маало“ или  „ Златно маало“. Името го добило по граѓаните Ганчо Варналиев, кој имал фурна веднаш пред ширинката и јаворот, до која се наоѓало теќе, па дуќанот на Благој, а од другата страна бил  дуќанот на Анѓушеви.

Мајка на три малолетни деца, вратена пред четири месеци од затвор, очајно бара помош за обезбедување на социјален стан во Велес. Центарот за социјални работи на Моника и го вратил родителското право но, жената нема дом за да ги земе децата кај себе. Таа вели дека едвај се помирила со судската неправда и четири годишната затворска казна па сега не сака дополнително да биде раздвоена од децата во колку се оддолжи постапката за решавање на нејзината молба што ја доставила до надлежната комисија во министерството за труд и социјална политика.

Граѓани од Велес, корисници на социјална помош, нега на болен за трето лице и оние кои добиваат субвенции за електрична енергија се жалат дека подолг временски период не добиле пари од државата. Според информациите што тие ни ги доставија надоместокот за струја доцнел повеќе од пет месеци, додека за социјална помош и нега доцни веќе два месеца и дваесетина дена. Граѓаните се жалат дека тешко ги поминале Новогодишните и Божикните празници. Дел од нив тврдат дека токму поради ова задоцнето исплаќање на субвенцијата за струја заостанале во плаѓањето на редовните месечни сметки.

Резултатите што ги постигна проектот за поддршка на малите и микро претпријатија во јавните набавки во изминативе три години доведе до проширување во нови региони во државата. Освен во Вардарскиот и Североисточниот тој се спроведува и во Југозападен и Пелагониски. Асистентите на Регионалниот центар за поддршка во Велес сега  ги посетуваат општините од овие два нови региони и остваруваат директни контакти со цел да ја добијат вкупната бројка на мали и микро претпријатија кои работат во овие општини.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново