Ивица Андонов денеска прв доплива и го фати светиот крст во осветените води на реката Вардар во Велес. Дваесет и седум годишното момче беше најсреќно помеѓу педесет и деветмината граѓани кои скокнаа во реката. Тој во изминатите петнаесет години редовно на Војордан учествувал на манифестацијата и скокал со својата четирибројна тајфа. Годинава нему му се насмевна среќата.

Селото Иванковци два дена поради снежните намети беше отсечено од Велес. Утринава екипи на ЈП Македонија пат со механизација го расчисти снегот и патот до селото повторно е прооден. Снежните намети, високи и по неколку метри, ги блокираа жителите на Иванковци кои имаа проблеми со снабдување на основните прехрамбени производи особено со леб кои секојдневно го добиваа од градот.

Студеното време со температура под нулата нема да ги спречи храбрите верници утре да се фрлат по светиот крст во водите на Вардар во Велес. Околу стотина велешани се подготвуваат за овој свечен чин, но бројката се уште не е конечна. Од Повардарската епархија велат дека граѓани се пријавуваат и утре на самиот ден и откако ќе завршат лекарските прегледи ќе се знае колку граѓани ќе влезат во студената вода.

Амбаркови  се старо велешко касапско семејство кое живее на левата страна на градот. Најстариот од нив бил касапот Ордан  роден во 1895 година. Уште како дете го учил касапски занает кај познати мајстори во велешката чаршија. Кога станал мајстор работел во касапницата на мајстор Кузев  кој се наоѓал во сарачката чаршија. Ордан имал еден син Стојан и еден внук Димко. Тие не го продолжиле занаетот туку тоа го сторил внукот на Ордан, Ѓоре од брат му Димко.

Маалото „Варналиите“  било едно од најубавите на левата страна на Велес. Дека навистина во ова маало имало многу убави куќи и во нив  живееле богати граѓани зборува и фактот што Турците го нарекле „Алтан маало“ или  „ Златно маало“. Името го добило по граѓаните Ганчо Варналиев, кој имал фурна веднаш пред ширинката и јаворот, до која се наоѓало теќе, па дуќанот на Благој, а од другата страна бил  дуќанот на Анѓушеви.

Мајка на три малолетни деца, вратена пред четири месеци од затвор, очајно бара помош за обезбедување на социјален стан во Велес. Центарот за социјални работи на Моника и го вратил родителското право но, жената нема дом за да ги земе децата кај себе. Таа вели дека едвај се помирила со судската неправда и четири годишната затворска казна па сега не сака дополнително да биде раздвоена од децата во колку се оддолжи постапката за решавање на нејзината молба што ја доставила до надлежната комисија во министерството за труд и социјална политика.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново