15.01.2021
Општината модернизира а граѓаните со стари навики, наместо отпадот од дома да го фрлаат во подземните контејнери тие го оставаат околу нив.
15.01.2021
На Инфективно одделение се лекуваат 31 ковид пациенти и на Интерно одделение се лекуваат седум пациенти.
Вкупно во Општа болница Велес хоспитализирани се нови 38 ковид пациенти.
15.01.2021
Водостоите на сите реки во земјава се повисоки од просечните, но втор ден бележат тенденција на намалување.
15.01.201
Во текот на изминатото деноноќие на територија на град Велес, за непочитување на уредбата за носење на лична заштита, евидентирани се 32 лица. Во град Велес 15 лица, во Кавадарци девет и осум лица во Неготино.
14.01.2021
Падна првиот снег во градот и ја создаде долго очекуваната идила. На снегот најмногу му се радуваат децата. Тие во Младински парк, паркот пред велешка Гимназија , пред основното училиште „Васил Главинов“ вечерва ги направија првите снежни топки и со нив играа погодување на другарчињата. Детска снежна игра имаше и низ велешките сокаци и маала.
14.01.2021
Во Општа болница Велес денеска се хоспитализирани 35 ковид пациенти од кои 27 се потврдени позитивни, еден сомнителен и седум пациенти со негативен тест, но задржани на болничко лекување.