На 7-ми февруари,годинава,во Основниот суд во Велес ќе се одржат испитно рочиште за финансиско материјалната состојба и извештајното на Собранието на доверителите на кавадаречки „Фени“. Скопска Апелација ја отфрли жалбата на фирмата „Фени индустри“ во стечај, како и на уште неколку други фирми за отворање на стечај во комбинатот.

Пациентите од Велес кои имаат потреба од примање на крвни додатоци како свежи тромбоцити, можеби испрани еретроцити или некој друг вид на крв, плазма не мора да одат во Скопје и на Клиниките да ја примат потребната количина за да им се подобри здравствената состојба. Тие доволно е само да побараат помош од Интерното одделение на велешката болница а специјалистите интернисти треба да организираат земање на крв и да ги прочитаат резултатите по извршеното лабораториско испитување што е доволно да изготват требовање за количината и да го достават до дежурниот лаборант во одделението за Трансфузиологија кое е во склоп на Болницата. Лаборантот има обрска да ја нарача потребната количина што Институтот за трансфузиологија од Скопје се обврзува веднаш да ја испорача, додека пациентот е во дневната болница, на самото одделение. Штом крвта, свежи тромбоцитите стигнат за отприлика еден или два часа, таму ќе може да ја прими потребната количина, велат денеска од Институтот за Трансфузиологија. Истото се однесува и за пациентите кои имаат потреба од друг вид на крв или крвни плазми кога станува збор за пост оперативна потреба а тоа треба да се даде на одделението за лекување на хирушки болести.

Шеесет и четиригодишниот велешанец Д.В.(64) од Велес пријавил во Секторот за внатрешни работи во Велес дека бил каснат од непозната раса на куче во вторникот на 23 јануари околу пладне. 

Само едно, триесет и пет години старо, возило во велешката пожарна е исправно. Останатите не можат да ја извршуваат функцијата бидејќи не се исправни. Едно од нив три години стоело кај механичарот во Здружението на возачи без да биде поправено. Оштетувањата на возилата се појавиле како резултат на неиспуштање на водата во зимскиот период или биле со други дефекти кои во изминатиот период не биле отстранети. Тоа го утврдила контролата што ја направил Градоначалникот Аце Коцевски заедно со ревизорите на општина Велес во Територијалната противпожарна единица. Коцевски смета дека градот има голема среќа што во изминатиот период не се појавил поголем пожар.

Порано или подоцна, консументите на онлајн видео игри се нашле во ситуација да се вознемират од доживеаниот пораз до таа мера да избрзано реагираат со пцовки, колнење и сеење клетви како средновековни бабици. Оние кои не сакаат вакви токсични бомбардирања, во чет екранот имаат или вклучено одредени филтри или пак ја имаат целосно деактивирано функција за социјализација. Но, што доколку вие сте гејмерот од кој косата на останатите им се крева нагоре? Што ако вие сте тој што не може да ја контролира примарната потреба за дивјачко однесување и е опериран од вештини за основно функционирање во цивилизираниот свет? Во таа ситуација, на располагање имате две работи, но со оглед на тоа дека само едната е бесплатна, нема непотребно да ви одземаме време со втората, пишува ИТ Форум и објаснува како осумнаесетгодишниот велешанец Виктор Јовев ученик во ОСУ „Коле Неделковски“ ги стекнал нивното внимание со апликацијата што тој ја изработил.

По средбата на претставниците на Здружението на такси автопревозници во Велес со Градоначалникот на Велес, сообраќајниот инспектор и преставник на сообраќајната полиција на СВР Велес , на која таксистите го кренаа повторно гласот против дивите такси превозници, биле поднесени поголем број на барања за полагање на тестови со кои пак се добиваат лиценци за такси превозник. Општинските инспектори и сообраќајната полиција ќе ги продолжат контролите на улиците и прво незаконитоста ќе се санкционира со предупредување.

Поврзани вести

 

Најново