Коцевски: Состојбата во градот е алармантна, потребно е строго да се придржуваме на воведените мерки
06.04.2021
Епидемиолошката состојба во Велес и велешко е алармантна, оцени денеска Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување. Во моментов има само три слободни кревети во Општа болница Велес, но како дополнителен проблем се појавува и недостигот на персонал како нивната премореност.
СВР Велес: Во изминатото деноноќие велешани го почитувале полицискиот час но 22 лица не носеле маска
06.04.2021
Сектор за внатрешни работи Велес, за непочитување на уредбата за носење на лична заштита евидетира 34 лица. Од вкупниот број 22 лица не носеле маска во Велес, девет во Кавадарци и три во Неготино.
06.04.2021
Вкупно 14 садници во одлична вегетациска состојба се исечени со пила од страна на несовесен граѓанин на 29 и 30 март, покрај фабриката „Благој Ѓорев“ во Велес. Од страна на општинскиот комунален инспектор е извршен увид на местото при што не е утврден сторителот. Но според начинот на сечење на дрвјата дејствието е сторено со намера и е направена голема штета.
05.04.2021
Секторот за внатрешни работи Велес, во изминатите 48 часа, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентира вкупно 72 лица во Велес, Кавадарци и Неготино.
05.04.2021
Секторот за внатрешни работи Велес евидентира дека во текот на вчерашниот ден, 4 април, годинава во 20:15 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во болницата во Кавадарци со повреди бил донесен Г.П.(31), кој се повредил при извршување работни задачи во фабрика во Кавадарци. Бил извршен увид на местото на настанот.
05.04.2021
Жената имаше 79 години и беше од село Мустафино. Таа беше позитивна на корона вирус и лекувана три дена во Модуларната болница.