04.04.2021 година
Полициски службеник на СВР Велес денеска и го одзеде мобилниот телефон на новинарката Стефани Манева од веб порталот Дума.мк и ги избриша двете фотографии што таа ги фотографираше додека извршуваше работна задача пред мост „Гемиџии“ во Велес. Настанот се случи додека новинарката Манева работеше на собирање информации за веста „Товарен воз прегази човек во центар на Велес.“
04.04.2021
Пациентот е на 67 годишна возраст од Велес, позитивен, лекуван четири дена на Инфективно одделение. Денеска во болницата вкупно хоспитализирани се 98 ковид пациенти или за двајца повеќе од вчерашниот ден.
04.04.2021
Увидот на Секторот за внатрешни работи Велес на лице место на несреќата сеуште трае но според првичните информации на Министерството за внатрешни работи денешната сообраќајна несреќа во која товарен воз прегази човек во Велес се случила во 11:15 часот во близина на мост „Гемиџии“. Возот сообраќал на релација Гевгелија – Скопје - Трубарево.
04.04.2021
Човекот го прегазил товарниот воз што сообраќал на железничката линија Скопје – Гевгелија. Железничкиот сообраќај во моментов е во прекин . Според непотврдени информации човекот стоел на железничката пруга под комплекс на згради „Чешел“, во центарот на Велес и во близина на мост „Гемиџии“. Тој не се тргнал кога машиновозачот, штом го забележал, ја вклучил сирената и почнал да кочи.
03.04.2021
Починат пациент на 84 годишна возраст од Велес позитивен, лекуван три дена на Инфективно одделение и маж на 74 годишна возраст од Велес , позитивен лекуван два дена на Интерно одделение се денешните жртви на корона вирус во градот.
03.04.2021
Северна Република Македонија нема проблеми со двојните државјанства и верувам доколку станува збор за граѓани кои живеат во соседна Србија а се Македонци, како што во моментов Владата решава барања, треба да се изнајде начин. Овој одговор го даде Претседателот на Владата Зоран Заев на новинарското прашање ќе се решат ли барањата за добивање на македонско државјанство за граѓани кои тоа го бараат додека живеат во соседна Република Србија.