Bankazahrana fin

Здружението „Бирлик Јекипе“ од Велес во партнерство со здружението „Златно перо“ од Битола спроведува проект за поттикнување и влучување на граѓаните, на младите, бизнисите, граѓанските организации во дебата и кампања за намалување на количината храна која се фрла на депониите и за зголемување на помошта во храна за најсиромашните граѓани.

AkcijaskalegitimacijaDANOVAstr

Кога сме кај старите акцијаши и нивните заложби младинското доброволно ангажирање повторно да заживее, длабоко сум изненаден со каков елан и посветеност овие луѓе настојуваат на младите да им ја пренесат својата љубов, занес и идеалите. Впрочем, мотото со кое тие настапуваат е : „Да и` помогнеме на нашата татковина!“
Оваа статија и ја посветив на една од најстарите жени- акцијаши во Велес. Се вика Нада Данова, родена Јосифова во 1934 година во Кавадарци, а е веројатно една од најстарите жени акцијаши.

Fudbaleri na veleska FK Pobeda 1940 fin

Велес бил град во кој меѓу првите во Македонија почнал да се игра фудбал и во него биле формирани повеќе клубови. Најстариот е ФК „Горски“, формиран 1919 година додека следни биле „Победа“, „Црвена Ѕвезда“, „Борец“ итн. За фудбалот во Велес доста е пишувано, но сепак , останува уште доста да се пишува и да се истражува, особено за големиот број на фудбалери. Деновиве велешанецот со надимак „Бодљак“ ни ја даде оваа фотографија велејќи ,освен татко му петтиот фудбалер од лево дека не ги познава останатите .

SDSM naslovna

По две години и пет ипол месеци од превземената власт од страна на СДСМ и колацијата, во која и со предвреме изеден буџет и огромни долгови, кои сеуште се враќаат, има пари во државата за повисоки плати и пензии, изградба на комунална и државна инфраструктура, им соопшти на денешната трибина „На прав пат“ на велешани, премерот и лидер на СДСМ Зоран Заев .

PROTEST fin

На двочасовен протест пред влезната врата на Основен суд Велес, денеска, излегоа педесетмината вработени во судската администрација незадоволни од одлуките за пониски додатоци за плата, за септември и октомври, годинава во споредба со судиите. Тие се чуствуваат дискриминирано и затоа што на дел од нивните колеги Судскиот буџетски совет сеуште не им го исплатил задржаниот дел од плата за време на послениот штрајк, во 2016 година иако Синдикатот, Зружението на судска служба и УПОЗ во разговори и преговори со Владата на Република Северна Македонија им ги обезбедија.

svecenaakademija fin

Значајни, 75 години слободен Велес, обврзуваат да се чува достојно споменот, не само како задача туку и како најголема човечка обврска, за борците на партизанските одреди „Димитар Влахов“, „Трајче Петкановски“ и „Осма велешка народно ослободителна бригада“ кои го остварија сонот на Илинденците, на Гемиџиите и сите кои копнееја по слобода затоа што токму тие му го донесоа на Велес спокојот на рациновото утро, ја врежаа својата младост и живот во вечната почит и паметење.

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Најново

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.