Полицијата вчера го приведе Д.Д. од Велес и се очекува од СВР Битола до Основно јавно обвинителство Битола да биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
Се подмладува АРМ. Денеска решенија добија 125 и уште толку професионални војници ќе бидат примени на работа до крајот на годината. Процесот ќе трае и во наредните години, во кои од државниот буџет ќе се издвојуваат повисоки суми средства за одбраната, се додека не се постигнат проектираните 2 проценти од брутодомашниот производ, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Таа најави од септември ново покачување на платите за 5 проценти по ланските 10 отсто и продолжување на континуираната исплата на дневници за дополнителната работа. Во Командата за обука во Велес денеска нови 125 професионални војници добија договори за професионален ангажман.
Дрвото го исекол граѓанин на место помеѓу железничките станици Јане Сандански и Драчево околу 18.30 и при туркањето наместо во реката Вардар тоа паднало врз железничката пруга Скопје - Велес. Тополата ја искинала контактната мрежа со напон од 25 илјади киловати и направила штета на пругата. Тоа е причина за 3,5 часовниот целосен прекин на сообраќајот, синоќа, во железничкиот сообраќај во централниот дел на државата.
Скопскиот Апелациски суд ја потврди првостепената казна за Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара Димовска од Велес, кој беше осуден на казна затвор од седум и пол години поради обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.
Деведесет деца од Велес, Кавадарци и Возарци ,кои имаат проблеми со бронхити, бронхопневмонии или астма како последица на загадувањето на животната средина од тешки метали од денеска се на климатска рехабилитација во детското одморалиште Михајлово, на планината Кожув. Тие се веќе стигнати сместени во одморалиштето.
Со создавањето на Велешката нахија, градот Велес станал единствена градска околу која гравитирале повеќе селски населби, чиј број варирал од 70 до 120, во зависност од околностите пред се од механичкиот прилив и одлив на населението, но и од болестите, честите напади на арамии, пљачкаши, војни итн.