Христос се раѓа славете го, Христос доаѓа од небесата, прерсетнете го , Христос е на земјата вознесете го, дај му на Господа цела земјо и весело пофалете го луѓе зашто се воздигна во слава. Наjголемиот и најсветиот небесен гостин слегнува од небесата и се вплотува во светиот дух и Марија Дева. Славете го со сето срце, дочекајте го со голема радост и со трепет , брзајте, брзајте за да го пресретнете. Но како ќе го дочекаме, како ќе празнуваме? Не треба да го дочекаме лебот на животот со стар клас ниту со квас од злоба и лукавство туку со пресни лебови во чистота и вистина како што тоа го бара од нас Апостолот Павле. Не треба Христос да го пречекаме со стар квас и порокот на нечистотијата , чекорејќи во ритамот на злосторството извалкани од нечистотијата на гревот, лагата и лукавството туку облечени во светлите одеанија на праведноста, љубовта и вистината.

Со насмевки на лицата и потпевнувајќи заедно со младинскиот црковен хор Св. Кирил и Методиј, педесетина штитеници на Здружението на лица со церебрална парализа, денеска во народната кујна во Дворови го прославија раѓањето на Спасителот Исус Христос. На божиќната трпеза, која за нив ја организираше Повардарската епархија, овие луѓе го почуствуваа празничниот дух на најголемиот христијански празник.

Изутринава, додека дождот за кратко престана да врне, неколку Коледарчиња ги посетија домовите на велешани. Предвесниците на раѓањето Христово влегоа во домовите на граѓаните во Дворови. Испеаја неколку коледарски песни и беа наградени со дарови. Во нивните коледарски торбички имаше колачиња, ореви, костени, бадеми, јаболка, сушено овошје. Коледарчињата највесели беа кога ја добиваа паричната награда од домаќините. Песните испеани од грлата на децата одѕвонија низ тесните и кривудести сокаци на маалото. Граѓаните ги отвараа влезните порти велејќи дека им влегува среќа во домовите. Внимателно ги слушаа и убаво ги наградуваа.

Граѓаните и на дождот што врне вечерва излегоа пред домовите. Како што налага старата традиција возрасните велешани ги наредија дрвата и го запалија огнот додека наоколу трчаа децата. Тие се највесели коледари вечерва на улиците во Велес што со нетрпение  ги очекуваат толите коледарски колачиња. Нив ги месат и печат  сите домаќинки, баби и мајки, почитувачи на традиционалното одбележување на Коледе. Штом колачињата се стават во рерна тогаш започнува подготвката на салатите од кисела зелка и вадењето на туршијата која во чинии ќе ја изнесат надвор на Коледето. Мажите веќе ја греат ракијата. Седнати околу коледарскиот оган, браќа, соседи и пријатели со чашка во рака ги пеат коледарските песни. И само во Велес тие се еротски или како што велешани ги нарекуваат мрсни песни. И сите имаат ист крај: „Ооо Коледе“.

Дископатијата и нискиот притисок му го отежнуваат одењето на педесет и пет годишниот Винко Симитчиев од Велес. Повеќе од неколку чекори не може да направи бидејќи го болат нозете а дополнителен проблем му прави и вртоглавицата. Нему нема кој да му помогне да си ги заврши личните работи оти живее сам во куќата што ја наследил од родителите. Винко е сам меѓу четири ѕида. Тој вака се мачи веќе пет години. Друштво му прави само кучето Дејана, неговата најверна пријателка.

Замрзнатиот дожд што падна вчера попладне од 17.30 часот направи проблеми на улиците во Велес. Не само во повисоките делови од градот, каде улиците наликуваа на вистински лизгалишта туку поледица имаше и во централното градско подрачје. Замрзнатиот дожд го отежна движењето на граѓаните и на возилата. Службите за одржување на градските улици веднаш фрлија сол и немаше лизгања на возилата на главните сообраќајници. Но поинаква беше состојбата на тротоарите. За кратко време по нив не можеше да се оди.

Поврзани вести

 

Најново