Brzapomoshsoskifander fin

19.06.2020

Една жена која работи во текстилна фабрика во Штип, маж вработен во компанија која е во Велес како странска инвестиција, едно асимптоматско лице, без било какви знаци на заразната болест и еден сограѓанин, што се лекува од дијабетес и едно лице откриено откако му била укажана лекарска помош по учество во тепачката во Ромското маало кај Потокот, во неделата, се петмината новозаразени во изминатите 24 часа во Велес.

Infektivnooddelenie1 fin

18.06.2020

Во последните 24 часа во кои се направени 1348 тестирања и регистрирани 182 нови случаи на Ковид-19 во државата, нема новозаболени велешани. Според статистиката на на Институтот за јавно здравје во регистрираните 33 оздравени пациенти има двајца вечешани.

SVR Veles fin

18.06.2020 

За непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се вкупно 95 лица на територијата што ја покрива СВР Велес поточно 45 во Велес, 28 во Кавадарци и 22 во Неготино. Казните се изречени во последните два дена.

MilevskiKocevskiAndreeviSapuric fin

17.06.2020

Жителите на село Отовица конечно ќе можат да добијат здрава, квалитетна и во поголеми количини од досега вода за пиење. Со изградбата на новиот систем за водоснабдување жителите на ова населено место, веднаш до Езеро Младост, ќе бидат поврзани со водоводната мрежа на градот Велес која добива вода од Хидросистем „Лисиче“ . Вкупната должина на водоснабдителниот систем изнесува 2.580 метри. Во изградбата се користат полиетиленски цевки со пресек од 90 мм и издржливост од 6, 10 и 16 бари.

bolnica veles fin

17.06.2020

По една жена од село Горно Јаболчиште и од Долно Јаболчиште се новозаразени од коронавирус во изминатите 24 часа. Тие се внесени во статистиката на заболени то ја води Министерството за здравство. Тоа значи дека заразата освен во Велес почна да се шири и во населените места во општината.

IgorZdravkovski fin

17.06.2020

Кога ретроспективно ќе се погледне, за да сумира, работењето на актуелната власт, се се сведува на ништо. Ваква е оценката на претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ и констатацијата поради тоа што власта ништо не направи за Велес и велешани.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново