Сообраќајната несреќа се случила на пладне, во 12.35 часот, на улица Благој Ѓорев пред зграда бр.127 во Велес кога патнички автомобил марка„пежо“ со велешки реистерски ознаки управуван од 46- годишен жител на Велес удрил во пешак, единаесет годишно дете. По несреќата пешакот е пренесен во болницата во Велес каде хирурзите констатирале лени телесни повреди. Сепак поради набљудување детето до вечерва ќе биде задржано на лекување на хирушкото одделение.

Невработените велешани постари од 40 години денеска имаа можност да се информираат за активните мерки за вработување, на отворениот ден во просториите на подрачната единица на Агенцијата за вработување во Велес. Тие уредно биле поканети со порака на мобилен телефон, но најверојатно агенцијата направила превид па во просторија за околку триесетина луѓе, важните информации требало да ги слушнат двојно повеќе поканети граѓани. Токму затоа промоторите на мерките во три наврати ги кажувале истите информации на дури 223 граѓани. Поради големиот метеж што се создал во просторијата , овие граѓани се пожалија дека ништо не разбрале од тоа што службениците им го кажувале.

Четири годишно дете од велешкото село Бузалково е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 17.20 часот во селото. До несреќата дошло кога 22 годишен жител на Бузалково управувајќи товарно возило марка „мерцедес“ со велешки регистараски таблички го прегазил детето кое било пешак.

На Викторија Гајдова, четиринаесет годишно дете со Даунов синдром, во Велес и недостасува простор во кој ќе може да се социјализира, да игра, да запознава нови пријатели или да го користи своето слободно време по завшувањето на часовите во основното училиште „Благој Ќирков“. Сега компјутерот, нејзината помала сестра и семејството се тие со кои девојчето го споделува слободното време. Така е се додека не заврши учебната година бидејќи во лето татко и Кирил и наоѓа работни задачи што Викторија лесно и брзо ги извршува во канцелариите на семејната фирма. Таа е среќна кога за успешноста е наградувана и весела кога запознала нови личности, кои по работа доаѓаат кај нејзиниот татко.

Се изведуваат градежни работи во внатрешноста на поранешниот хотел „Интернационал“ во Велес. Граѓаните кои во петокот минеа по тротоарот, покрај руинираниот објект, први го слушнаа бруењето на градежните машини. Така беше и денеска кога длабоко во внатрешноста на старата зграда, која излегува директно на улицата „8 Cептември“ или поранешна „Маршал Тито“, се слушаше работа на агрегат и уште на неколку хилти. За разлика од претходните денови, денеска, се паркираше и камион пред влезот на поранешната слаткарница „Бела“ која функционираше како дел од поранешниот хотел.

Матеја Николова, Дора Димова, Софија Новачева, Александра Челев, Петар Митиќ, Емануел Сулемановски, Горјан Јаневски и Анѓел Богоевски. Ова се учениците од основното музичко училиште Стефан Гајдов во Велес кои со освоени први награди, се вратија од меѓународниот натпревар по пијано, виолина и соло пеење што викендов се одржа во Аранѓеловац, Србија. Иако поминаа долг пат и немаа време за проба, тие освоија по 96 од максимални 100 поени, изведувајќи класична музика на пијано и виолина.

Поврзани вести

 

Најново