Izbori vo UZ fin

Велешани, на 18 и 19 јули, ќе ги избираат новите совети на четринаесетте Урбани заедници во градот. Изборот ќе се одржува посебно во секоја Урбана заедница. Тогаш ќе се предлагаат кандидатите за новиот состав на Советот, кој брои од три до седум члена, и штом се изберат од нивниот состав се предлага и избира Претседател на Урбаната заедница.

Patot pod karpa Cucka fin

Градежен факултет од Скопје до крајот на месецов треба на Јавното претпријатие за државни патишта да му достави проект за целосна санација на карпата Цуцка во месноста Долни Дуќани во Велес. Пректот ги содржи мерките на експертите со кои треба да се заштити карпестиот масив за да не се повтори случката од пред шеснаесет месеци кога Цуцка се распука и се свлече на регионалниот пат Велес - Градско притоа затрупувајќи делови од регионалниот пат и од железничката пруга Скопје - Гевгелија. Тогаш, во огромно карпесто парче се заби машина на ЈП „Македонски железници - Транспорт“. За среќа, машиновозачот и помошникот поминаа со полесни повреди.


aerodrom fin

Триесет и шест годишниот З. Б од Велес бил уапсен во саботата на 13 јули во 18.30 часот веднаш штом влегол на граничниот премин „Меѓународен aеродром- Скопје“.

SDSM StevoiNikola fin

Заврши изборниот циклус на локално ниво во Општинската организација на СДСМ во Велес. Освен изборот на дипломираните економисти, Стево Крстевски за претседател и на Никола Димовски за секретар, избрано е и новото локално партиско раководство за кое првиот социјалдемократ во градот , на денешната прес конференција, рече дека поседуваат капацитет и нова енергија кои и биле потребни на партијата.

kaldrma1 fin

Калдрмата е генијален изум на човекот за кој не се знае кога започнал да се применува, но благодетите на калдрмата конкретно во Велес им биле добро познати на велешани со векови наназад. Уште на почетокот на своето постоење Велес како град бил поплочен со калдрма, пред се поради својата местоположба и теренот на кој биле изградени неговите сокаци. Освен изборот на каменот, мајсторите внимавале и на распоредот и големината на материјалот, а честопати подобрите мајстори внимавале и на распоредот и бојата на камењата кои биле употребени.

kontejner fin

Со рециклирање на едно пластично шише се заштедува енергија за една сијалица од 60 вати да работи шест часа, а со еден тон рециклирани шишиња или 20.000 шишиња се заштедува енергија колку што трошат две лица во текот на една година што изнесува околу 5.700 киловати како и количина на вода што би ја користел еден човек за време од два месеца. Сепак, мал процент од пластиката во Македонија се рециклира.
Од речиси 14.000 тони пластика што се создава годишно на пазарот, се рециклираат само 19 % поточно околу 2.600 тони.

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново