Што треба да направиме медиумите во Македонија да бидат послободни во нивното известување и како да ставиме крај на нивната зависнот од една или друга политичка партија. Вакви и слични прашања во врска со медиумската слобода денеска им поставија средношколците, пензионерите и останатите граѓани на Велес, присутни во општинската сала, на амбасадорите на ЕУ и Холандија Аиво Орав и Вилем Ваутер Пломп.

Немаше граѓанин на Велес што не го познава фотографот Душко Илиевски. Беше добар човек и голем професионалец. Љубезен кон сите и особено наклонет кон сиромашните зашто и тој како сирак, уште во рано детство, останал без мајчината љубов и долго години потоа ја чувствувал горчината на немаштијата. Овој фотограф бил роден во 1925 година во повеќедетното семејство на бакалџијата Лазо во населбата Дворови. Кога Душан имал само шест месеци починала неговата мајка Анастасија. Татко му се преженил и во 1934 година заминал во Америка па така Душко останал и без таткова грижа. Останат на грижата на маќејата единаесетгодишниот Душко морал да почне да учи занает кај познатиот мајстор бербер Подалеш.

Во моментов сме во фаза на вадење на техничка документација за експлоатација и приготвување на елаборати за заштита, не можеме да ви одговориме на прашањето кога ќе започне дислокацијата затоа што тоа зависи од техничката документација и еколошкиот елаборат. Предвидуваме јавна промоција на двата документи пред велешани штом бидат готови, стои во писмениот одговор на скопската фирма Екоцентар 97, избрана пред месец и половина за концесионер на топилничарската депонија во Велес.

Македонските граѓани конзумираат релативно здрава храна бидејќи почвата  се уште не е толку загадена како во други земји. Но проблем претставува увезената храна за која нема гаранција дека е квалитетна. Иако храната се контролира од аспект на хемиска, биолошка и физичка безбедност, сепак Генетски модифицираната храна се уште никој не ја контролира. Ова го покажуваат податоците од истражуавњето на стручните лица од технолошко-техничкиот факултет во Велес.

Гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес, во соработка со Општинската организација на Сојузот на борците од НОВ и годинава го одбележаа 14 Март - Денот од одржувањето на тридневниот штрајк на учениците од велешката Гимназија. Велешките гимназијалци на 14 март 1942 година го кренаа својот глас против воведување на бугарскиот како мајчин јазик во наставата и против асимилаторската политика што ја спроведувале бугарските власти врз македонскиот народ. Под раководство на Скоевската организација и велешкото партиско раководство, учениците застанале во одбрана на својот јазик и својата национална самобитност. Нивната храброст ја поддржале дел од наставниците, родителите и голем број граѓани на Велес.

Со традиционалното посно бело гравче, посните салати, ракија и вино на голема софра и годинава жителите на Мегдан, го одбележаа денот по Прочка, Чист понеделник. Традицијата што пред многу години ја започнале нивните дедовци и татковци, ја продолжија нивните синови и внуци. Имињата на Ѓорѓи Гајдов, Лазо Нојков, Перо Ивчев, Манасков и уште многу други, кои меѓу првите го започнале одбележувањето на овој ден, засекогаш ќе останат во сеќавањата на мегданчани.

Поврзани вести

 

Најново