Триесет и девет крвни единици се собраа денеска на првата од четирите пролетни крводарителски акции што ги организира Општинската организација на Црвен крст во Велес, во средните училишта во градот. Триесет и девет ученици од средното стручно училиште „Коле Неделковски“ ја подадоа својата рака и подарија крв. Дваесет и шестмина од нив за прв пат даруваа крв додека останатите дарувале на минатогодишната есенска крводарителска акција. Дури дванаесет од вкупниот број дарители се од женски пол или 27 проценти што според организаторите е импресивна бројка.

Велешанката Даниела Васиљковска вчера го доби најубавиот осмомартовски подарок. Таа на свет донесе здраво машко бебе тешко три килограми и сто грама и долго педесет и еден сантиметар. Синот на Васиљковска се роди вчера во велешката болница на меѓународниот ден на жената.

Младите на ВМРО ДПМНЕ на симболичен начин им го честитаa денешниот празник на жените во Велес, 8 март. На жените и девојките кои поминуваа на горниот дел од градот им поделија по еден каранфил и им посакаа убав и пријатен ден.

Во Велес, во месноста „Лиска“, помеѓу „Мегдан“, „Ристова Чешма“ и фурната на Круме лебарот,во 1870 година било отворено првото женско училиште во Македонија во кое наставата се изведувала на македонски јазик. Училиштето било сместено во зграда што имотен велешанец, без било каква надокнада, ја подарил со цел и неговите три ќерки да посетуваат настава. Тие заедно со уште дваесет и седум женски деца, ќерки на богати жители од овој дел на Велес, ја формирале првата паралелка. Наставата ја изведувале православни свештеници, а најдолго време на ученичките им предавал поп Данаил, таткото на Менка и Боро Попето.

Сосема банална причина била повод ортопедот и трауматолог д-р Филип Тодоровски да добие тупаница во глава од својот колега д-р Петре Кодовски. Тоа се случувало во неделата вечерта, околу 18 часот, кога и двајцата специјалисти биле дежурни на хирушкото одделение во велешката болница. Причина било тоа што д-р Тодоровски побарал од д-р Кодовски да ја сошие отворената рана на пациентката од неговиот оддел. Тодоровски за Дума.мк тврди дека наместо да ја изврши здравствената услуга Кодовски прво нервозно му викал а потоа се обидувал да го провоцира со навредливи зборови упатени кон него и семејството, пред пациентите и персоналот на хирушкото одделение.

На условни казни ги осуди велешкиот суд  машиновозачот и диспечерот кои ја предизвикаа  железничката несреќа, што се случи на 15 декември 2013 година на железничката станица „Рајко Жинзифов“ на пругата Велес – Скопје. Диспечерот доби условна едногодишна казна ако во наредните три години не стори кривично дело додека машиновозачот е осуден на условна тримесечна казна ако во наредната година не стори кривично дело.  Во судницата машиновозачот го призна кривичното дело за кое се товареше но, не и дипечерот. Тие исто така ќе треба на ЈП „Македонски железници“ –транспорт да му платат штета  од над 75 илјади евра. Тоа е два ипол пати помалку од штетата што првично ја побарало Јавното претпријатие, поточно 195 илјади евра.

Поврзани вести

 

Најново