GJOZLEME fin

Составен дел од годинешните активности на Фестивалот на пити и вино ќе биде и велешкото ѓомлезе. Традиционалниот специјалитет што исто така се подготвува од тесто, сирење и свинско месо ќе го подготват членките на Организација на жени на Велес. Ѓозлемето ќе се промовира во недела, на 21 октомври, во 14.45 часот.

Bina fin

Се подигнува бината за музичкиот дел на плочникот пред фонтаната на плоштад „Сармаале“ и се поставуваат шаторите под кои се местат штандови, маси, столици, пултови на дел од улицата „8 Септември“. Таму годинава ќе се организира манифестацијата посветена на надалеку познатата велешка пита пастрмалиа. Велес е подготвен да ги пречека сите гурмани на традиционалниот специјалитет што годинава ќе го подготвуваат мајсторите на пастрмалии на „Жито Вардар“, „ Баже Пити“, „Милениум“,„ Аркадија“, „Стара Деспина“ и пицерија „Пица тајм“ додека потребната количина на вино ќе ја обезбедат винариите „Шато Сопот“, „Тиквеш“ и „Стоби“. 

StarVelesso platonski most fin

Велес во 1857 година ги удира темелите на образование на мајчин јазик во Македонија. Тогаш почнува со работа училиштето во параклисот „Свети Ѓорѓија“ во маалото Прцорек на учителот Јордан Хаџи Константинов Џинот. Отварањето на училиштето бил празник во цел Велес. Многумина граѓани, особено имотните, ги запишале своите деца да учат во училиштето.

soobrakajka fin

Во строгиот центар на Велес, вчера 9 октомври, на крстосницата од улците “8-ми Септември“, „Архиепископ Михаил“ и “Страшо Пинџур“ се случи сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл марка „Тумопар“ со велешки регистарски броеви управуван од И.К.(47) од Велес и мотоцикл марка „Кимко“ со велешки регистарски броеви управуван од М.Ѓ.(22) од Велес.

 

casovnikotcel fin

Во железничката станица во Велес се наоѓа голем германски часовник стар над деведесет години. Часовникот прво бил поставен во убавата и голема железничка станица во Велес, која за време на Втората светска војна била бомбардирана и разурната.

zeleznickastanicastarVeles fin

Велешките железничари успеале да го спасат и да го зачуваат и за време на бугарско и за време на СФР Југославија, а тој и денес е тука како раритетен примерок на прецизен мерач на времето. 

naslovna fin

Старите велешани се снабдувале со вода за пиење од природни чешми и бунари. Секоја пета куќа во стар Велес имала бунар но, многу од нив имале солена вода па не можеле да ја користат за пиење. Ова особено било многу поприсутно на десната страна на градот за каде уште старите велашани велеа дека „Велес е изграден на сол“.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

PITIJADAVELES1

Најново