Врховниот ќе треба да одлучи дали велешкиот суд ќе ги испитува условите за отворање на стечајна постапка во кавадаречки „Фени“. Денешното одлагање на рочиштето во Основниот суд во Велес го побара главниот извршен директор на Фени, Рајчо Аљошев Кацаров од бугарската фирма „Енекод“. Тој не одговори конкретно на прашањето дали е подготвен да уплати повисока сума на пари од понудените 3 милиони евра за влезо во кавадаречкиот металуршки комбинат, како што бараа најголемите доверители поточно банките Стопанска, Комерцијална и Сил, но откри нов доверител поточно Управата за јавни приходи која деновиве доставила побарување за неплатени даноци.

Во турски документи се вели дека Дворови претставувала најурбанизирана населба во Велес. Имала прави и широки улици.Куќите биле двокатни. Имале големи дворови и биле оградени со камени ѕидови. Дворовите биле уредени , со бавчи, дрвја и цвеќиња. По нив и маалото го добило името. Во документите пишува дека турските власти не дозволувале христијани да се населуваат во маалото. Како поткрепа на ова е и достапниот „парохијалник“ на еден велешки поп од 1863 година во чија парохија спаѓало и ова маало. Во него имало запишано едвај 5-6 христијански фамилии.Од други пронајдени списи во турските архиви, посебно да го истакнеме и тоа дека постоела уредба според која секоја куќа во Дворови морала да има буре, бочва, врчва или друг поголем сад , што постојано требало да бидат полни со вода, за во случај на пожар да има со што да се гаси огнот. Исто така, овие садови морале да бидат покриени за да се спречи ширење на маларичниот комарец кој таму се гнездел. Заптиите и инспекцијата редовно вршеле контрола, а за неисполнување на наредбата „делеле“ казна од 10 стапа по грбот на сопственикот на куќата.

Спомен обележје на “Ротаријанците“ од денеска се наоѓа во дворот на велешката „Гимназија Кочо Рацин“. Вака Ротари клубот од Велес ја испочитува предложената идеја за простор во градот што ќе ја симболизира основната девиза на Ротаријанците за помош за оние на кои им е неопходна поттикната од починатата велешанка, поранешна членка, Татјана Ѓоргиева Лазаревска. Таа беше еден од најуспешните директори на детската градинка „Димче Мирчев“.

Седумдесет и седум војници, од нив осум девојки, дадоа свечена заклетва во Командата за обука и доктрини во чиј состав е Центарот за индивидуална обука во касарната во Велес. Младите војници се на доброволно служење на воен рок од 33 генерација на војници во АРМ.

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски синоќа на свечената академија со која Општината одбележа 73 години слободен Велес, во обраќањето пред присутните гости како заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски, екс Градоначалникот Славчо Чадиев, претставници на бизнис заедницата, на политичките партии, на верските заедници, на АРМ, на граѓанските организации како и пред делегациите на збратимени градови на Велес од Србија, Сомбор, Ужице, и Медијана-Ниш, потоа од Каршијака во Турција и Слобозија во Романија ја соопшти развојната визија на градот за наредните четири години.

Спротивно на член 32 став 4 од Законот за локалната самоуправа, каде се пропишани правилата за пропорционална застапеност на бројот на членовите во составот на комисиите од страна на политичките партии и уредбата во Статутот на Општина Велес, во чиј член 25 став 3 се вели дека „Политичките партии кои партиципираат во Советот на Општината ќе бидат пропроционално застапени во вкупниот број на членови на сите комисии“ на работната седница на Советот советничката група на СДСМ стори прекршоци и самостојно гласаше, реагира советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери. Така СДСМ покажа дека нема намера да ги почитува Законите во Република Македонија и прописите на општината, констатираше членот на Советот од ВМРО ДМПНЕ, Александар Табаков.

Поврзани вести

 

Најново