Во организација на Македонското здружение за заштита при работа и подрачната канцеларија на државниот трудов инспекторат од вчера во Михајлово започна тридневен регионален семинар.

Последниот ден од април беше и последен рок за исплата на откуепното грозје од минатогодишната реколта.

Масовно и вечерва Кавадарци, по трет пат побараа оставка од претседателот Иванов. Кавадарчани  дадоа подршка за СЈО и побараа повлекување на аболицијата. “Шареата револуција“ започна   од пред катастарот. Се продолжи неколку метра до штабот на ОК ВМРО-ДПМНЕ каде се извикуваше „Лопови, фамилија – мафија“. Се продолжи по улицата „Илинденска“ каде се фрлаа бои на повеќе места.  „Шарената револуција“ обои само дел од главната кавадаречка сообраќајница, а се фрли боја и на градскиот плоштад и пред скалите на општинската зграда која беше под полициско обезбедување.

Кавадарчани вечерва повторно ќе протестираат. Од 18.30 часот од кај катастарот ќе тргнат граѓаните кои ќе ги подржат протестите на т.н „шарена револуција“.

Колку се почитуваат правилата и стандардите во известувањето од страна на новинарите и медиумите во земјава  и како да се изврши само регулација беа дел од прашањата на кои се разговараше на денешната дебата што ја организира Советот за етика во медимите.

 

Иако веќе календарски пролетта пристигна пред еден месец, ладниот бран кој од вчера пристигна во земјава  ги побеле со снег планините. Снежна покривка од неколку сантиметри утринава има и на Кожув./A.Д

Поврзани вести

 

Најново