Feni fin

Во печката на „Фени” денеска беше изгорено неупотребливо и оштетено оружје од МВР. На настанот присуствуваше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој рече дека станува збор за придонес кон одбележувањето на 9 Јули - Светскиот ден за борбата против малото и лесно оружје и покажување на грижа во однос со состојбите со оружјето во Република Македонија.

Kozuvcankagrupna fin

Комисија составена од стручни лица ги разгледа сите пристигнати апликации, со краен рок петок 6 јули и според востановените критериуми ги определи добитниците на 36 ученички и студентски стипендии. Станува збор за стипендии за 12 ученици од основно во висина од 6 илјади денари, за 12 ученици од средно во висина од 12 илјади денари како и за 12 студенти во висина од 32 илјади денари. На свеченост што денеска се одржа во компанијата стипендиите им беа доделени на првите добитници.

gradinka1

75 дечиња од 3 до 6 години ќе бидат згрижени во новата градинка лоцирана во дворот на Здравствен дом Кавадарци. Денеска беше свечено отворен овој објект кој го носи името „Буба мара“, а во употреба го пуштија министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и директорката на градинката Цанка Добринова.

crop

15 денари за килограм вранец и 13 за смедервка бараат лозарите за годинашниот откуп на винско грозје. Тие се децидни дека ова се цени со кои ги покриваат само производните тошоци.

desertno grozje

Лозарите во Тиквешијата ја стартуваа бербата на најраните сорти на трпезно грозје. Во моментов се берат сортите „ранка“ и „прима“, а за само некој ден ќе започне и бербата на „кардинал“ и „кармен“.

komunalec1

Машина за автоматско одбележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација набави  јавното претпријатие Комуналец од Кавадарци, со што бележењето на пешачките премини, коловозните ленти и паркинг местата ќе се извршува на софистициран начин. Набавено е и ново товарно возило кое ќе помогне во пружењето на услуги.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinetta 2019 300x250px 01

Најново