Поради временските неприлики, родот на грозје годинава во Тиквешијата е намален за околу седумдесет проценти, оценуваат стручњаците и според нив родот ќе тежи околу 60 милиони килограми за разлика од минатата година кога се набраа преку 200 милиони.

Стопанско туристичката и културна манифестација која се одржува во чест на грозјето и виното како белег на најголемиот лозаровинарски регион во земјава финишираше синоќа со настапот на Дипеш мод – трибјут.

Дополнителни субвенции по килограм винско грозје предадено во домашните винарии ќе добијат лозарите и десет отсто повисока субвенција за хекатар лозова површина најави денеска во Кавадарци министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Никоволвски. Тој беше во посета на стоапнско – туристичката и културна манифестација Тиквешки гроздобер која се одржува во Кавадарци.

Со ретроспективната изложба во која се содржани над 200 фотографии од тиквешките гроздобери во периодот од 1964 до 2016 година започна стопанско туристичката и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“. Кавадарчани и тиквешани од денеска го слават грозјето и виното. Подготвена е богата културно уметничка програма, а гостопримството на кавадарчани повторно е на прво место.

Со едноминутно молчење Кавадарци синоќа му оддаде почит на своите сограѓани кои во минатото ги положиле животите за денешната слобода. Советот на општината одржа свечена седница на која градоначалникот Александар Панов се осврна на позначајните проекти кои се реализирани во изминатиот период, а говореше и за растежот и развојот на општината.

73 години слободно Кавадарци одбележуваат жителите на градот на грозјето и виното. По тој повод денеска делегации од локалната самоуправа предводени од градоначалникот на општината Александар Панов, советници, претставници од Здружението на борците  и претставници од младите на СДСМ денеска претпладне положија свежо цвеќе на споменикот на револуцијата на градскиот плоштад.

„На денешен ден, 7 Септември 1944 година единиците на Деветата македонска бригада го ослободија Кавадарци. Бил организиран митинг на кој говореле Најдо Стаменин-Орлов, командант на бригадата и Ристо Сојанов-Железни, политички комесар. Долго очекуваната слобода е многу скапо платена. Во текот на војната загинаа 333 борци и жртви на фашистичкиот терор од општина Кавадарци, а тројца од нив се прогласени за народни херои“ вели Петре Камчевски, кустос историчар и директор на музеј галерија Кавадарци

Честитка до сите граѓани по повод денешниот празник на Кавадарци, упатија градоначалникот Александар Панов, општинските разграноци на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Одбележувањето на 7 ми септември продолжува и вечерва. Советот на општина Кавадарци ќе одржи свечена седница на која ќе бидат доделени седмосептемвриските награди.

На денешен ден во 1961 година, по повод празникот на градот е предаден во употреба споменикот на 12-сте ваташки младинци во Моклиште, а во 1976 година започнува со работа музеј галерија Кавадарци./A.Д

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/02/2019 година.