Со цел поголема конкуренција на тендерите и совладување на електронското аплицирање за јавни набавки,  денеска во големата сала на општина Кавадарци се одржа обука за микропретпријатијата од Кавадарци. Се работи за подолготраен проект на УСАИД кој се реализира од 2012 година.

Утринските мерења на водата за пиење  што ги врши Центарот за јавно здравје покажаа исправни параметри на водата за пиење од водоводниот систем Лукар. Ова значи дека состојбата со водата за пиење по заматувањето кое се случи поради обилните врнежи, сега е нормализирана.

Поради обилните врнежи од дожд со кои беше зафатен и нашиот регион дојде до заматување на водата за пиење од водоводниот систем Лукар. Поради тоа водата е со жолта боја. Од Центарот за јавно здравје Кавадарци апелираат до граѓаните на Кавадарци пред употреба, водата задолжително да се проврива.

Се зголемува интересот за органско лозарство кај тиквешките лозаропроизводители. Веќе се евидентирани 40 хектари под лозов насад каде се применуваат органски техники на производство.

Иако продолжува променливото време со варијации во температурата сепак во Центарот за јавно здравје Кавадарци се евидентирани помалку заболени од грип.

Прилагодете ја брзината и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи е пораката што на учениците од основните и средните училишта од Кавадарци им ја упати двократниот европски првак во ридски трки, Игор Стефановски – Иџе. Под мотото  „Шапионот обединува – насмевка, живот, едукација“, денес, во спортската сала Јасмин  се  одржа едукативен час за безбедноста во сообраќајот.

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има
потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/04/2019 година.