Семејството на Тоде и Мица Виларови било едно од најстарите, најпознатите и најголемите во Велес. Не постојат точни информации од каде му се корените на семејството. Се знае само дека татко му на Тоде, роден во средината на 1767 година, најнапред се занимавал со земјоделие, а подоцна станал трговец. Тој живеел во мала куќа во Бузана се додека во 1795 година му се родил синот Тоде. Тогаш семејството се преселило во поголема и поубава куќа на плоштадот на Мегдан. Куќата ја купиле од семејството Анзовци.
Со насмевки на лицата и торбички на рамо велешките коледарчиња ги посетуваат домовите на своите сограѓани. Тропаат на влезните порти додека громогласно ја пејат најпознатата коледарска песна:
„Коледе леде,паднало греде
утепало деде,деде се мачи
баба го квачи со четири јајца
гускини, шаткини ооо Коледе...
Студот и минусните температури, што ноќва, сабота 5 јануари спроти недела 6 јануари, го зафатија Велес се причина за помал број на коледарски огнови на отворено во споредба со оние во затворен простор во градот. Велешани ги отворија гаражите, работилниците, приземните простории за да ја продолжат традиција која налага возрасните да ги наредат дрвата и го запалат огнот додека наоколу трчаат децата. И токму последниве се чини дека беа највесели коледари вечерва додека со нетрпение ги очекуваа топлите коледарски колачиња.
Од година во година се помалку се слуша првиот плач на новороденчиња на Одделението за гинекологија и акушерство во ЈЗО Општа болница во Велес. Ако таму се одбележувале години во кои како примери се раѓале по 950 до 1.100 во осумдесеттите години на минатиот век или една деценија подоцна кога среќата што станале родители по прв или втор пат ја почувствувале од 800 до 900 родители лани во Велес само 505 мајки го чуле првиот плач на своето новородено дете. На 24 отсто од нив лекарите им помогнале преку оперативен зафат, царски рез додека останатите се породиле по природен пат. Последниот податок е уште по поразителен бидејќи не се однесува само на општина Велес, вели раководителот на одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗО Општа болница Велес спец. д-р Аристотел Тренчев.
Првото бебе родено на Одделението за гинекологија и акушерство во велешката болница е машко, се вика Елвин и е второ дете на дваесет и две годишната Сибил и Сенад Кариманови од Градско. Елвин се роди вчера, среда 2 јануари, во 10: 16 часот со царски рез. Тој е здрав и добро напредува исто како и неговата мајка Сибил која закрепнува по операцијата и се чувствува добро.
Во пожар што се случи во куќа на улица „Првомајска“ бр. 51, веднаш до џамијата, во центарот на велешко Горно Оризари вчера загина осумдесетгодишен маж.