SVRVeles novifin

Полицијата ја бара четиринаесет годишната бегалка од Куманово која дошла во Велес, кај својот една година постар љубовник, за потоа заедно да избегаат во непознат правец. Вљубените деца имале врска и веќе им изјавиле на своите родители дека сакаат заедно да живеат. Родителите се спротивставиле на ваквата одлука.

Dr Vaskov fin

Почитуван, хуман, посветен професионалец и ценет од своите сограѓани се само неколкуте зборови на примариус Д-р Никола Стојанов со кој го опиша својот колега , народниот лекар Панче Николов Васков.

Veles 16 vek fin

Градот Велес отсекогаш бил раскрсница каде се вкрстувале сите важни патишта кои минувале низ Македонија. Во времето на Османлиското пет вековно владеење, градот се трансформирал од обична паланка во средиште на трговијата, занаетчиството, културно и духовно средиште на македонската кауза.

Maticni lekari vo Veles fin

Држејќи во раце бели листови со порака: „И јас сум д-р Виолета“ денеска десеттина матични лекари од Велес протестираа пред зградата на подрачната единица на Фондот за здравство. На овој начин протестираа давајќи и поддршка на колешката д-р Виолета, матичен лекар во Виница која ќе мора да стави клуч на влезна врата само поради тоа што шест месеци не може да си најде медицинска сестра.Неа Фондот за здравство не и пуштил капитација за месец декември. Ова може да се случи на секој матичен лекар во државата рече претседателската на Здружението на приватни лекари на Македонија.

malisipanici fin

Пријавени од матичните лекари, вчера, во градот се три нови случаи на морбили. Сите се со иста клиничка слика поточно со висока температура и осип, кој е некарактеристичен. Центарот за јавно здравје веќе испратил на анализа примероци во лабораторијата за Вирусологија во Скопје. Утре се чекаат серолошките резултати кои ќе треба да потврдат дали станува збор за мали сипаници или пак на вирус што е присутен во градот со слични симптоми како и морбили.

Angjusev fin

Се подготвува Закон за практиканство додека во државата, во два градови Кавадарци и Охрид, експериментално се спроведува концептот што на средношколците во приватните фирми им овозможува уште во средношколските денови да заработуваат плата со придонеси. Законодавецот предвидува практичната работа да се евидентира во практиканска книшка и учениците да имаат регистриран статус. Ги заштитува и фирмите во случај на повреди на практиканти. Законот цели да помогне учениците да бидат подготвени за работа а не како досега по завршување на средно образование, особено од стручните училишта, при вработувањето да се соочат со проблеми какви што се непознавање на производствен процес и слаби резултати.

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново