Prlickova fin

Советничката група на СДСМ и коалицијата секој вторник, од 12 до 14 часот, во зградата на Општина Велес ќе има приемен ден за граѓани. Средбите ги планирале за разговори, предочување на граѓански проблеми во ингиренции на Советот и барање на решенија за истите.  На денешната прес конференција, во име на советничката група на власта, членот на Советот на Општина Велес, Пандорка Лазаревска Прличкова, информираше дека по нивни предлог Советот ја донел одлуката за именување на стадионот во Велес како ,,Градски стадион Зоран Паунов,, и изрази револт за напишан фејзбук статус на претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ, Игор Здравковски.

Lopusnik fin

Шест дневниот планинарски марш, од Велес до кичевски Лопушник, Еколошката групација „Грин Пауер“, го организира во чест на Кочо Рацин, револуционерот, вонвременскиот великан на македонската поезија и една од најсветлите точки во поновата национална историја. Учесниците во маршот, ќе ја одбележат и 76 годишнината од загинувањето на Рацин. Маршот, годинава за прв пат, е составен дел на програмата на престижната културно - поетска манифестација „Рацинови Средби“ што по 56-ти пат се одржува на 6 и 7 јуни во Велес, родниот град на Кочо Солев Рацин.

POUMacaOvcarova1

Инклузија на лицата со посебни потреби преку едукативно, забавно - рекреативна игра дизајнирана според нивните можности, запознавање на учениците со правила за да се охрабрат да ги применуваат понатаму во наставата и на тој начин да се јакне нивната самодоверба и можностите за развој. Вака ја опишаа својата проектна активност четворицата велешани Бојан Владов, Тоше Цецев, Виктор Ѓуровски и Сашко Бабуновски, студенти на втора година на „Финки“, кои го слушаат предметот „Медиуми и Комуникации“ и одлучија да спроведат активност во основното училиште за деца со посебни потреби „Маца Овчарова“ во Велес.

vozsolun fin

Граѓаните на Македонија од средината на овој месец повторно ќе можат да патуваат со воз до Белград и до Солун. Експресните возови сезонски се враќаат во возниот ред на ЈП „Македонски железници“. Патувањето кон Солун, со возови ќе се одвива до Гевгелија за потоа со автобус патниците да бидат превезувани до солунската желензичка станица од страна на „Грчките железници-ОСЕ“.

avtopatVE fin

Една лента од автопатот од Скопје кон Велес, на делот меѓу Башино село и Штипска клучка, денеска од 10 до 13 часот ќе биде затворена за сообраќај.

AngjusevvogimnazijasoIngilizoviPanova

Mладите велешани, Викторија Панова и Марко Инѓилизов, кои го освоија второто место на финалето на Европскиот квиз на пари во Брисел, Белгија, добија стипендии до крајот на нивното школување од Фондацијата Анѓушев, основана од вицепремиерот проф. д-р Кочо Анѓушев кој честитајќи им го успехот им посака да ги прошират своите амбиции за постигнување нови знаења и успеси. 

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.