forum1 fin

Седум концепт идеи денеска промовираа учесниците на вториот регионален форум кој е дел од проектот "Одржлив и инклизивен рамномерен регионален развој", во Вардарски плански регион. Најголем дел од нив се однесуваа на заштитата на животната средина, развој на туризмот преку маркирање на велосипедски и пешачки патеки, изградба на скејт парк , развој на туристички дестинации, заштита на предел за развој на екстремни спортови, за опремување на Младински бизнис иновативен центар, реставрација на градските зидини на Стоби и реставрација на владетелска палата од IV век п.н.е на локалитет Била Зора како и поставување контејнери (подземни) за селектирање на отпад и набавка на возила за транспорт на селектираниот отпад.

morbili fin

Родители во Велес обвиваат да ги вакцинираат своите деца. Тие не се необразовани туку напротив и припаѓаат на категоријата интелектуалци па дури и лекари. Меѓусебно се добро организирани и вршат влијание над останатите да не ги вакцинираат децата од морбили, мали сипаници, на 366 ден од раѓањето и на шест годишна возраст за да не заболело подоцна од други болести . Токму воздржувањето од вакцинација ја предизвика епидемијата со морбили во Скопје каде за жал има и случаи кои завршија со фатални последици врз детските животи.

grvnaopstinaveles fin

Нема зборови што можат да ја опишат неизмерната тага и болка за изгубените животи и траумите на преживеаните сограѓани во вчерашната кобна сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово. Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на сите граѓани, изразувам искрено сочувство до семејствата на загинатите и повредените.

gradonacalnik4 fin

Општина Велес мора да донесе нов ГУП и да изработи ДУП-ви, особено откако, со Законот за легализација во градот се легализирани 6.100 од вкупно 10. 123 дивоградби. Изработка на Стратегија за развој на Велес во наредниот период со краткорочни, среднорочни и долгорочни планови, што ќе ги утврди развојните компоненти на градот во сите области за наредните 30 години како што се: демографски раст, зони за домување и индустриски, сообраќај и инфраструктура, утврдување на зони за проширување на Генералниот урбанистички план со откуп на земјиште, изработка на планска документација и изградба на инфраструктура откако претходно ќе се анализара колку ќе чини таа инвестиција на Општина Велес за да се обезбедат потребните средства и извори на финансирање, се само дел од препораките што произлегоа од реализацијата на шест месечниот проект „Транспарентна и отчетна постапка за градежна дозвола“ спроведувана од Фондација за локален развој и демократија Фокус од Велес.

Rontis godisnina fin

Колку години лојалност кон фирмата толку илјади денари повеќе вредеа ваучерите што во саботата, на 9 февруари, во хотел Гарденија во Велес, ги добија како награда вработени во ДПТ „Ронтис“ ДООЕЛ Велес. По единаесет години вкупно 80 работнички и работници се веќе добитници на парични награди. Нив ги делеа сопствениците на компанијата кои дојдоа од Грција и Швајцарија за да присуствуваат на традиционалната годишна средба со вработените.

ROSAPLAVEVA FIN

При крајот на 2019 година, по пуштањето во употреба на споменикот на Мустафа Кемал Ататурк во паркот ``Каршијака`` во Велес, се појави во јавноста приказната за наводното престојување на наводно ранетиот Мустафа Кемал Ататурк во Велес во период 1907-1908 година. На куќата каде престојувал имало и спомен плоча која е тргната по Втората световна војна. Приказната е таа, но никако не се совпадна со фактите и документите кои постојат во Велес и неговите институции.

Поврзани вести

300x250 web banner Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 26/07/2019 година.