bolnica fin

Четириесет годишната Велешанка С.Н и нејзините две малолетни деца, тримесечното машко бебе и година ипол од женски пол, вчера попладне се примени во ЈЗУ „Општа болница“ - Велес со опекотини од втор степен. Повредите ги здобиле во пожарот што избувнал во нивниот дом на улицата : Тодор Николовски бр. 48 во населбата Шорка.

lokalenbiznisovet fin

Банкарските техничари и продавачи, кои чекаат за вработување во Бирото за вработување во Велес, се многубројни но овие струки се сеуште застапени во средното образование поточно училиштата во Велес. Општината ги поттикува четирите средни училишта да направат анализи споредени со податоците на Агенцијата за вработување за од една страна да се запре зголемувањето на бројот на невработени лица во одредени профили и од друга страна да се образува работна сила што е потребна на велешкото стопанство.

dermangjievatraktorsiodi fin

Еден трактор полн со смет изнесоа работниците на ЈКП „Дервен“ од домот на педесет и шест годишната Димитрула Дерманџиева. За четири часа од домот во кој живее велешанката успеаја да ја извадат најпроблематичната количина на непотребни работи трупани со години во двете соби, нишата, предсобљето и бањата. Дерманџиева освен што живее во субстандардни услови не водела доволно грижа за состојбата во домот. Тој, таков каков што е, неа не и пречеше се до моментот кога во него ја повика екипата на Дума.мк за да и помогне со огрев , пред последниот ладен бран со минусни температури.

semejstvo Vilarovi naslovnaIgnoloza

Историјата на големото велешко семејство Виларови ќе ја продолжиме со лозата на Игно Вилар, четврто дете на Тоде и Мица Виларови. Игно се родил во 1827 година. Од мали нозе започнал да го учи татковиот занает, трговскиот. Со татко му и мајка му живееле во куќа во близина на Мегдан. Откако се оженил покрај трговија со вино, ракија и афионов катран, во месноста Виларови бавчи почнал со одгледување на свилени буби и производство на свила што во тоа време била многу барана на пазарите во Солун, во Истанбул, во Софија и во градови од Европа. Трговецот Игно, купил поголем број маски за транспортирање на свилата и други производи. Пренесувајќи стока на други трговци ја зголемувал печалбата на повеќе пари.

Mesarata na Ivcevi fin

Во старата велешка чаришија постоеле триесетина дуќани на касапи поточно месарници. Месарите , покрај што продавале свинско, говедско, овчо, јагнешко и јарешко месо биле и големи мајстори, касапи и сопственици на стада на разновиден добиток. Тие свои дуќани имале и за време на турско и за бугарско и за српско. Најстар мајстор касап бил Пано Ивчев.

kocevskinapres fin

Велејќи дека не знае кој му ги подготвува текстовите за изјавите што ги дава во јавноста претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Велес , Игор Здравковски, градоначалникот на општина Велес Аце Коцевски денеска одговори на новинарското прашање во кое беше побаран негов став за вчерашната прозивка од страна на Здравковски во која реакцијата на Коцевски на прес конференцијата во министерството за образование поради немањето превод на македонски јазик на министерот Арбен Адеми беше наречен „Глумец на функција градоначалник“.

Поврзани вести

300x250 web banner Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 26/07/2019 година.