Stojanovski1 fin

Братот и сестрата, Калина и Андреј Стојановски, од пливачкиот клуб „Нептун“ од Скопје се победници во трките на 2,5км за жени и 5 км за мажи. Тие зборуваа за предизвикот и годинава да се пријават и да учествуваат на Велешкиот маратон, кој за прв пат е со меѓународен карактер.

Pobednici naslovna

Свеченоста се одржа на крајбрежјето на езерото кога официјално организаторите, Организаторите Националната пливачка федерација, ЗСР за спорт и рекреација „Клуб 28“ од Велес.и КК „Бабуна“, како и поддржувачот Општина Велес ги прогласија победниците на Меѓународниот пливачки маратон.

6Veleskiplivackimaraton fin

Со натпревар во три категории, на 2,5 км на 5 км и 10 км во машка и женска конкуренција, во недела на 15 септември, по шести пат, во водите на „Езеро Младост“ ќе се одржи шестиот Пливачки маратон, годинава, посветен на прерано починатиот д-р Милчо Трајков поддржувач на спортската манифестација. Иако пријавувањето на пливачите е во тек , до вчера, четврток 12 септември, пријавени се вкупно 40 пливачи во професионалниот дел кои ќе влезат и во конкуренција за македонскиот Куп во далечинско пливање како и 30 пливачи за рекреативниот пливачки маратон. 

kajakilinden1

Кајак слалом на диви води „Илинден Опен 2019“ се одржа во Велес во недела на 18 август во организација на кајак клубот „Вила Зора“. Годинешниот кајак слалом е 24 по ред и на него беа постигнати следните резултати:

naslovnaBorec fin

Натпреварот меѓу Борец и Вардар почна со минута молчење, во знак на почит кон поранешниот голман на двата клуба, Зоран Паунов. Во негова чест, од денеска градскиот стадион во Велес и официјално е именуван во „Стадион Зоран Паунов“.

fkborec fin

По долги 18 години , попладнево од 17 часот, на градскиот стадион „Зоран Паунов“ фудбалерите на „Борец“ за прв пат како домаќини на натпревар во Првата македонска фудбалска лига ќе одиграат натпревар. Ривал им е најтрофејниот македонски клуб „Вардар“. Тоа не е дерби на второто коло на Првата македонска фудбалска лига но избраниците на тренерот Горазд Михајлов се подготвени за голема битка. Судија на натпреварот е Јосип Бартон од Скопје.

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Најново

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.