Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Македонската ракометна репрезентација против актуелниот европски шампион Германија вечерва ќе го одигра последниот меч од првата фаза на шампионатот во Хрватска.

Двете селекции по првите две кола го обезбедија своето учество во втората фаза од натпреварувањето, така што денешниот меѓусебен дуел ќе претставува директна борба за пласман на првата позиција во групата, односно борба за што повеќе пренесени бодови во втората фаза во Вараждин.

Македонија со победите над Словенија и Црна Гора има загарантирани два бода кои ќе ги пренесе во Вараждин, а на нив ќе се додадат и евентуалните бодови од средбата со Германија.

На Германците од друга страна, им зависи и исходот од втората средба во групата помеѓу Словенија и Црна Гора, со тоа што тие ја совладаа Црна Гора, но одиграа само нерешено со Словенија.

На прес-конференцијата која вчера се одржа во тимскиот хотел во Загреб, нашите репрезентативци го искажаа задоволството од досегашните резултати на првенството порачувајќи дека ќе одиграат во свој стил, максимално борбено и посветено и против фаворизираната Германија.

Натпреварот почнува од 18:15 часот во „Загребска Арена“.

По завршувањето на денешното последно коло од групите Ц и Д, Македонија, Германија и Шпанија ќе се приклучат на Главната Група 2 во Вараждин.
Влез меѓу 12-те најдобри ќе обезбедат уште победникот од мечот Словенија – Црна Гора, како и две од трите екипи од Д групата (Данска, Чешка и Унгарија) кои во последното коло ќе го одлучат конечниот пласман.

Инаку,  ЕХФ вчера парично ја казни Македонија и тоа со вкупно 2.000 евра.

Се работи за казна добиена поради шаренилото во опремата. Така, со 1.000 евра нашата репрезентација е казнета поради различните чорапи носени од нашите репрезентативци, а дополнителни 1000 евра треба да се платат поради стреч-гаќите, што испод шорцот се гледаа кај Манасков, Стоилов, Кире и Филип Лазарови, кај Талески, Кузмановски и кај Велковски.

Поради нестандардни чорапи Македонија беше казнета и на ЕП 2016 во Полска.

 

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има
потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/04/2019 година.